Блискиот соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за убиство на новинар.
„Зеленски уби американски новинар“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа Икс, во објава која се однесува на Гонзало Лира, чилеанско-американски публицист, филмски режисер, финансиски блогер, јутјубер и коментатор кој почина на 12 јануари 2024 година во украински затвор.

Украина го обвини за ширење руска пропаганда.
Тој живееше во Харков кога руската армија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Тој се здоби со следбеници со објавување на содржина со критика кон украинската влада и Зеленски. Тој постојано велеше дека Зеленски користи кокаин, а руската инвазија ја опиша како „една од најбрилијантните инвазии во воената историја“.
Тој бил уапсен од Украинската агенција за внатрешна безбедност (СБУ) на 1 мај 2023 година, но набрзо беше ослободен со кауција. Лира потоа објави видео во кое најавува дека ќе се обиде да ја напушти земјата, пред повторно да биде уапсен поради наводно прекршување на условите за кауција.
Украинскиот центар за стратешка комуникација и информациска безбедност (СПРАВДИ) го обвини Лира дека „ја оправдува руската агресија врз Украина“, што е кршење на членот 463-2 од кривичниот законик на земјата, пренсоа медиуми.
Ова не е првпат Маск да упати сериозни критики на адреса на украинскиот претседател. Тој го стори тоа и вчера кога на социјалните мрежи напиша дека Зеленски не сака мир, туку само моќ и пари.