strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Илон Маск како „брилијантен“ ум заблеска во политиката па експлодира
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Илон Маск како „брилијантен“ ум заблеска во политиката па експлодира
СВЕТ

Илон Маск како „брилијантен“ ум заблеска во политиката па експлодира

Објавено May 30, 2025 10:59
strana.mk
Сподели
Сподели

Илон Маск влезе на политичката сцена како помошник на претседателот на Соединетите Држави Доналд Трамп со моторна пила в рака. Денес, четири турбулентни месеци подоцна, токму главата на технолошкиот тајкун би можела да заврши на трупец, пишува француската новинска агенција АФП.

Трамп го нарече Маск „брилијантен“ најавувајќи дека ќе одржат заедничка прес-конференција откако јужноафриканскиот магнат ќе го напушти таканаречениот Оддел за ефикасност на владата (DOGE).

Ова ќе му биде последен ден, но не навистина, бидејќи секогаш ќе биде со нас и ќе ни помага на секој чекор“, објави Трамп во четвртокот на својата мрежа Truth Social.

Но, топлите зборови не можеа да ги сокријат отворените фрустрации што Маск, најбогатиот човек на светот, последните недели ги изрази кон својата контроверзна улога во намалувањето на трошоците. Некогаш незаменлив дел од поставата на републиканецот Трамп, облечен во маици со кратки ракави и качкети со натпис MAGA, Маск почна да покажува сè поголемо разочарување од пречките со кои се соочува DOGE, дури и додека брутално ја кратеше американската бирократија, објави Хина.хр.

Тој заминува далеку од неостварената цел за заштеда од 2 билиони долари, а магазинот The Atlantic пресмета дека заштедил само илјадити дел од тоа, и покрај тоа што десетици илјади луѓе ги изгубија своите работни места. Отсега ќе се занимава повеќе со работењето на своите SpaceX и Tesla, како и со својата цел за колонизација на Марс.

Кој високо лета

На почетокот, сè беше многу поинаку, додека 53-годишниот Маск се издигнуваше низ орбитата на Трамп со брзина на една од неговите ракети, иако е познато дека некои и експлодирале. Маск беше најголемиот донатор во изборната кампања на Трамп во 2024 година, а двајцата ги поврзуваше десничарската политика и желбата да ја искоренат расипничката „длабока држава“, како што ја опишуваа.

DOGE (Одделот за ефикасност на владата) беше на шега наречен според „мемекоинот“, криптовалутата Doge создадена според мемето на куче, но DOGE не беше шега. Младите технолошки волшебници кои престојуваа во комплексот на Белата куќа затворија цели владини оддели. Странските земји се соочија со нагло прекинување на помошта. Маск со очила за сонце на очите мавташе со моторна пила на конзервативен настан, фалејќи се колку е лесно да се заштедат пари, а направи и потег со рака кој кај многумина евоцираше нацистички поздрав.

Брзо потоа човекот кого критичарите го нарекоа „ко-претседател“ постојано беше до Трамп. Можеби оправдано, бидејќи тајкунот се појави со својот мал син по име X на рамениците за време на првата прес-конференција на Трамп во Овалната соба. Присуствуваше на состаноците на кабинетот. Тој и Трамп заедно се возеа во претседателскиот авион и хеликоптер Air Force One и Marine One. Заедно гледаа борби во кафези. Многумина се прашуваа колку долго можат да функционираат едно до друго две толку големи ега.

Но, Трамп остана јавно верен на човекот кого го нарече „гениј“. Еден ден, претседателот дури ја претвори Белата куќа во салон на Тесла откако бесни демонстранти ја гаѓаа фабриката за електрични автомобили на Маск.

Би се расправал

Меѓутоа, на социјално несмасниот технолошки могул не му беше лесно да ја сфати реалноста на американската политика. Елон Маск, кој покажуваше сè поголеми знаци на фрустрација од пречките со кои се соочува неговиот таканаречен Оддел за ефикасност на владата (DOGE), се раздели со Доналд Трамп. Почетокот на крајот „започна во средината на март кога се одржаа неколку состаноци во Овалната соба и во кабинетот каде што Елон Маск во основа се расправаше“, изјави за АФП Илејн Камарк од тинк-тенкот Брукингс институт.

Една расправија со министерот за финансии Скот Бесент наводно се слушала низ целото Западно крило. Маск јавно го нарече трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, „поглупав од вреќа цигли“. Ниту автократскиот стил на Маск, ниту кредото на Силиконската долина под мотото „напредувај брзо, уривај сè пред себе“ не функционираа добро во Вашингтон.

Влијанието врз бизнисот на Маск исто така почна да се чувствува. Низа лансирања на SpaceX завршија со жесток неуспех, додека акционерите на Tesla беснееја. Маск почна да размислува за повлекување, велејќи дека „DOGE е начин на живот, како будизмот“ кој ќе продолжи, но без него. Конечно, Маск ги покажа првите знаци на дистанцирање од Трамп, велејќи дека е „разочаран“ од неодамнешниот закон на Трамп за „мега“ трошење. Тој исто така рече дека повеќе нема да троши време на политика.

Крајот дојде, соодветно, со објавата на Маск во средата на X, социјалната платформа која ја купи, а потоа ја претвори во мегафон за својата десничарска политика. Но, заминувањето на Маск можеби не е крај на приказната, рече Камарк.

Мислам дека тие искрено се сакаат, а и дека Маск има многу пари кои може да придонесат за разни активности доколку биде поттикнат. Мислам дека врската ќе продолжи“, проценува таа.

TAGGED:ДогеИлон МаскПолитика
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Вучиќ и Путин разговарале по обвинувањата дека Србија ја снабдува Украина со оружје
Следна статија Истрагата за трагедијата во „Пулс“ заврши, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

СВЕТ

Зеленски: Моето доаѓање во Турција е јасна порака за Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека неговото пристигнување во Турција го смета за „јасна порака“ до рускиот претседател Владимир…

May 15, 2025
СВЕТ

Обелоденет извештајот за подготвеност на Европа за војна: „Кажете им на граѓаните да подготват резерви“

Граѓаните на Европската Унија треба да складираат неопходни работи во случај на војна или друга голема вонредна состојба, се вели…

November 4, 2024
СВЕТ

Ако победи Трамп, ќе отворам неколку шишиња шампањ, изјави Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе отвори „неколку шишиња шампањ“ доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Орбан…

October 9, 2024
СВЕТ

Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна

Германските граѓани се предупредени да се подготват за можна Трета светска војна со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин уште…

November 22, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?