Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека сака преку своите компании да инвестира во Аргентина и со тоа да ја поддржи оваа јужноамериканска земја.
Аргентина е четвртиот најголем производител на литиум во светот, кој се користи во производството на батерии за електрични возила, пишува Ројтерс.
Претседателот на Аргентина, Хавиер Мајли вчера во Њујорк се сретна со Илон Маск.
И двајцата подоцна објавија фотографија од средбата на нивните профили на социјалните мрежи, заедно со повици за „слобода“ (libertad).
Маск и Мајли се сретнаа во Њујорк по трет пат во последните шест месеци.
Во мај тие зборуваа на маргините на глобалниот самит на инвеститори во Лос Анџелес, додека Мајли претходно го посети седиштето на Tesla во Остин, Тексас, во април, објавија медиумите.