Милијардерот задолжен да ги намали трошоците на американската федерална влада, Илон Маск, се појави на сцена на конзервативната конференција која се одржа надвор од Вашингтон со моторна пила – подарок од аргентинскиот претседател Хавиер Милаи, објави Ројтерс.
На црвената метална моторна пила што Милеи му ја подари на Маск претходно вчера беше изгравирано на шпански „Viva la libertad, carajo“, што значи „Да живее слободата, по ѓаволите!“.
Маск спроведува огромни отпуштања за време на американскиот претседател Доналд Трамп,насочени кон регулаторите на банките, работниците во шумарството, ракетните научници и десетици илјади други владини работници.
Во четвртокот, 6.000 вработени во Службата за внатрешни приходи на САД беа известени дека ќе бидат отпуштени.