Студентите седма ноќ ја минаа во блокада пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград.
Тие го наполнија платото пред зградата, а направија и забава во која толпата ја забавуваше диџеј.
Покрај студентите, на должноста се приклучија и претставници од собранијата на белградските општини и населени места, како и воени ветерани.
Насобраните носат транспаренти на кои пишува „Без револуција нема еволуција“, „Машинисти против машините“, „Факултетот размислува критички“ и „Студентска радио телевизија“, а се веат и знамињата на Србија и факултетите од кои доаѓаат.
РТС ги информираше граѓаните дека поради протестите биле принудени да го прилагодат распоредот за програма.
Тие изјавија и дека поднеле кривична пријава против Н.Н. лица и побараа интервенција на меѓународните институции.
Pazite ovo🤷🏽♂️ pic.twitter.com/4DHivJ1pbg
— ZEKKI🇷🇸 (@ZekiPejic) April 20, 2025