– Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си одат се повеќе, ги едуцираме и им ги праќаме во Германија спремни. Тука остануваме со околу 2 сестри на 35 пациенти кои ги тераме да работат по 12 саати. И ги држиме на договор на дело ко небитни некои. А кој не лежел во болница не знае дека се најбитни во процесот пред и по операција. Сега викаме сестри во пензија да се вратат на работа пошо нема кадар. За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, алармира Ина Многуфина.
Денес се одбележува Денот на сите медицински сестри кои несомнено се симбол на грижа, посветеност и хуманост.