strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак
ЗДРАВЈЕ

Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак

Објавено July 24, 2025 08:36
strana.mk
Сподели
Сподели

Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки.

Според студијата на истражувачкиот тим од Универзитетот во Флорида објавена Nature Biomedical Engineering, тестирањето на новата вакцина во комбинација со вообичаените лекови против рак наречени инхибитори на имунолошки контролни точки, резултирало со силен антитуморски одговор.

Изненадувачки, вакцината го прави ова не со таргетирање на специфичен тип на тумор, туку со едноставно активирање на имунолошкиот систем – поттикнувајќи го да реагира како да се бори против вирус. Тоа значи дека може да се користи за речиси секаков вид на рак.

Главниот автор на струдијата д-р Елијас Сајур, педијатриски онколог на Универзитетот во Флорида, вели дека резултатите откриваат потенцијален нов пат на лекување – алтернатива на хирургијата, зрачењето и хемотерапијата – со широки можности за борба против многу видови тумори отпорни на постојните третмани.

– Овој труд опишува многу неочекувано и возбудливо набљудување: дека дури и вакцина што не е специфична за одреден тумор или вирус – сè додека е mRNA вакцина – може да произведе ефекти специфични за туморот. Ова откритие е доказ за концептот дека овие вакцини потенцијално би можеле да се користат како универзални вакцини против рак за да се сензибилизира имунолошкиот систем против индивидуалниот тумор на пациентот, рече Сајур.

Русија денеска соопшти дека ќе бидат потребни меѓу осум и 10 месеци за развој на вакцина против коронавирус, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Вакцините против рак звучат како утописки сон, но тие не се нов концепт. Технологијата на mRNA вакцина, иако многумина ја поврзуваат со Ковид-19, е пресвртница кога станува збор за истражување на вакцини во онкологијата.

Досега, имаше два главни пристапа кон вакцините против рак. Еден пристап вклучуваше вакцини кои се насочени кон специфични протеини кои се присутни кај голем дел од пациентите со одреден вид рак. Другиот пристап е да се персонализира вакцината за одреден пациент.

Но, новата студија открива трета опција: развој на вакцина која може да се комбинира со други лекови за неселективно лекување на рак. Со други зборови, универзална вакцина против рак.

– Оваа студија сугерира нов трет пристап. Она што го откривме е дека со користење на вакцина која не е дизајнирана да таргетира специфичен вид на рак, туку да стимулира силен имунолошки одговор, би можеле да предизвикаме многу силна антиканцерогена реакција. И затоа ова има значителен потенцијал за широка употреба кај пациенти со рак – дури и да доведе до готова вакцина против рак, вели Дуан Мичел, доктор на науки, коавтор на студијата.

Оваа нова студија се темели на пробивот постигнат минатата година во лабораторијата на д-р Сајур. Во првото клиничко испитување врз луѓе, вакцината со mRNA брзо го репрограмираше имунолошкиот систем да го нападне глиобластомот, агресивен тумор на мозокот со лоша прогноза. Меѓу најимпресивните наоди во испитувањето врз четири пациенти беше колку брзо новиот метод – кој користеше „специфична“ или персонализирана вакцина направена со користење на сопствените туморски клетки на пациентот – поттикна енергичен одговор на имунолошкиот систем за отфрлање на туморот.

Во најновата студија, истражувачкиот тим на Сајур ја адаптираше својата технологија за тестирање на „генерализирана“ вакцина со mRNA, слична на оние формулирани против Ковид-19, но со една клучна разлика – вакцините немаа специфична цел, туку беа едноставно дизајнирани да предизвикаат силен имунолошки одговор.

Експериментите вклучуваа глувци на кои им беа имплантирани туморски клетки за да се моделираат различни видови на рак: меланом, рак на коски и рак на мозок.

Кога се даваше во комбинација со лек наречен PD-1 инхибитор – кој е дел од новиот бран на имунотерапии за рак прогласен за „револуција“ – засилувањето на вакцината доведе до попозитивни резултати отколку што би се очекувало само со лекот. Додавањето на вакцината во режимот на третман овозможи Т-клетките да реагираат на тумор кој претходно се спротивставувал на третманот. Во некои од експериментите, формулата на mRNA сама по себе беше доволна за да се излечи ракот, а понекогаш туморот беше целосно елиминиран.

Д-р Сајур и неговите колеги забележаа дека употребата на mRNA вакцина за активирање на имунолошки одговори кои навидум не се поврзани со ракот, може да ги поттикне Т-клетките кои претходно не работеле да се размножуваат и да го убијат ракот ако одговорот поттикнат од вакцината е доволно силен.

– Ова потенцијално би можело да биде универзален начин за будење на сопствениот имунолошки одговор на пациентите со рак, смета д-р Мичел, кој го води Институтот за клинички и транслациски науки на Универзитетот во Флорида.

Земени заедно, импликациите од студијата се впечатливи. Потенцијално би можело да биде универзален начин за будење на сопствениот имунолошки одговор на пациентот на рак, вели д-р Мичел.

Резултатите, според него, покажуваат потенцијал за универзална вакцина против рак што би можела да го активира имунолошкиот систем и да го подготви да работи заедно со лековите за инхибитори на контролни точки за да го нападне ракот – или во некои случаи, дури и да работи самостојно за да го убие ракот.

Сега, истражувачкиот тим работи на поодбрување на вакцината и на тоа што побрзо да почнат пошироки клинички испитувања на луѓе.

TAGGED:ВакцинаРак
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август
Следна статија Денеска навиваме за македонската гордост-Вардар

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

МЗ: Извршена е трансплантација кај пациент, со руптура на преден вкрстен лигамент

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој…

February 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Лазаров сподели таблица за соодветно дозирање на парацетамол кај деца: Не водете се по возраста, туку по тежината!

Во екот на вирозите и сеознскиот грип кои често се пропратени со висока телесна температура, едно од најчестите прашања кои…

February 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Седум предупредувачки знаци кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Симптомите на покачен шеќер во крвта лесно може да се игнорираат, погрешно да се сфатат или да се занемарат. Тоа…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вреди: Со СДСМ и Венко Филипче здравството беше во колапс

СДСМ, која некогаш ветуваше "едно општество за сите", денес е само машина за пропаганда која користи лаги и популизам! Под…

February 22, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?