Апел за помош за пронаоѓање на млада жена жена од прилепско се шири на социјалните мрежи.
Луѓе мои помагајте Ве премолувам. Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во село Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива, се наведува во апелот од сестрата на исчезнатата.
Потрагата трае, а случајот е пријавен и во полиција. Министерството за внатрешни работи потврдува дека исчезнувањето е заведено во службените евиденции.
„На 23.07.2025 во 23.02 часот во СВР Битола, С.Ј.М. од Прилеп пријавила дека од дома со возило се оддалечила нејзината сестра Б.Ј.А. (34), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.