Фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3:2 во последниот натпревар од саботната програма, во рамките на 15. коло на Премиер лигата.
Шумарите“ прекинаа една лоша традиција, ја остварија првата победа на „Олд Трафорд“ од 1994 година.
Српскиот репрезентативец, Никола Миленковиќ во втората минута го шокираше домашниот тим. За него ова беше прв гол во дресот на Нотингем Форест. Летово се пресели во Премиер лигата од Фиорентина.
Ова беше трет последователен гол кој Јунајтед го прими по удар од корнер.
Тимот на Рубен Аморим брзо се консолидира. Расмус Хојлунд израмни во 18. минута. Жота Силва недолго по голот на Данецот ја погоди стативата, а до крајот на полувремето Бруно Фернандеш од слободен удар ја погоди гредата.
Втората минута повторно беше кобна за Јунајтед. Во втората минута од вториот дел Форест повторно поведе. Морган Гибс-Вајт го постигна вториот гол за гостите во 47. минута, по аматерската реакција на Андре Онана. Необјасниво дозволи топката која одеше по средината на голот да заврши о мрежата.
Сседум минути подоцна, играчите на Форест постигнаа уште еден гол. Крис Вуд од тешка позиција го совлада Онана. Оваа беше 10. гол за Новозеланѓанецот во сезоната, покрај нег двоцифрен број на голови имаат постигнато упте само Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.
Јунајтед успеа да го намали резултатот во 61. минута преку Бруно Фернандеш, но до крајот имаше само една посериозна шанса, во шестата минута од судиското надополнување кога Лисандро Мартинез ја испрати топката преку гредата, па Јунајтед го доживеа вториот пораз во ерата на Рубен Аморим.
„Црвените ѓаволи“ се на 13. место со 19 бодови, додека Форест е петти. Во следното коло Јунајтед го игра дербито на Манчестер против Сити, додека Нотингем ја пречекува Астон Вила.