strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации
МАКЕДОНИЈА

И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации

Објавено October 8, 2024 16:18
strana.mk
Сподели
Сподели

Денеска се одржа 25тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија.

За портпарол на Владата е избрана Марија Митева.

М-р Марија Митева по професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – правен факултет Јустинијан I, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит.

На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 години прогресивно работно искуство. Нејзината професионална историја вклучува позиции како советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Во изминативе години активно се занимава со политика, што резултираше со нејзин избор за пратеник во Собранието каде беше вклучена во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки кои влијаат на иднината на државата.

Во делот на неформалното образование, Марија има бројни доедукации, како што се обуки кои вклучуваат проектно планирање за ЕУ проекти, управување со квалитетот во јавните институции, родова еднаквост и медиумска писменост. Во 2022 година, Марија беше дел од програмата на Американски совет на млади политички лидери (ACYPL) организирана од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, каде го збогати своето знаење во рамки на меѓународната политика. Исто така, таа од 2021 година е алумни и на Шведскиот институт преку успешно завршен модул на Академијата за млади професионалци на тема – миграција и интеграција во Западен Балкан. Во 2019 година учествуваше во обуки за вклучување на напредни методологии за креирање јавни политики водени од податоци организирана од Меѓународниот републикански институт (IRI), како и обука за управување со квалитет во јавни институции и работеше на зајакнување на отпорноста против дезинформации организирана од Националниот демократски институт (NDI). Како член на работната група за родова еднаквост во рамки на проектот Жените водат (NDI) таа придонесе за промовирање на инклузивно управување и ангажман во политиката.

Митева е постојано ангажирана во политички дебати и форуми, со цел истражување иновативни решенија за клучните општествени проблеми, а нејзината посветеност кон континуираното учење и следење на политичките трендови е од огромно значење за нејзиното ефективно управување и служење на граѓаните, особено во областите на политиката и општествените науки, овозможувајќи подобро разбирање и пристап кон општествено одговорните прашања. Не ретко ги истакнува вредностите како интегритет и професионализам, кои ги смета за клучни во секојдневното работење и социјалниот ангажман. Со силна принципиелност, чесност и чувство за праведност, таа е целосно посветена на политиката и нејзино подобрување.

За портпарол на Влада е назначена и Венера Љатифи Азизи.

Венера Љатифи Азизи е поранешна уредничка и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М Телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 Телевизија, и други медиуми во земјата. Актуелно вработена во кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста и за поддршка на градоначалникот. Дипломиран политиколог во Универзитетот на Југоисточна Европа. Актуелно магистрант по дипломатија и меѓународни односи на тема “Улогата на дипломатските претставништва и евроатланските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.

Наум Стоилковски е именуван за Советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли.

Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Стоилковски има повеќедецениска долга и плодна медиумска и новинарска кариера во домашни и странски медиуми, каде што професионално се надоградува и извршува повеќе функции во медиумската сфера.

Во неговата кариера работел во пишани медиуми, дневни весници, неделници, работел како ТВ новинар, уредник на вести, продусер, уредник и водител на ТВ и радио емисии, како и на современите интернет медиумски содржини. Оженет, татко на две деца.

TAGGED:владакомуникациимарија митеванаум стоилковскипортпаролсоветник
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра од Унгарија
Следна статија Од 2013 до 2021 годишно мигрирале по околу 2.500 високообразовани кадри

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти

Според последната анализа на УНИЦЕФ за состојбата со децата и адолесцентите во земјата споредбено со европскиот просек ниски се и…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 

Магдалена Алексовска дипломира на колеџот „Вагнер“ во Њујорк, САД, и за кратко време успеа да ја добие работата од своите…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници…

April 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?