Васка Мојсовска од Федерацијата на фармери, вели дека производителите не се виновни за поскапувањето во маркетите биејќи своите производи ги продаваат за ниски цени кои ги диктираат откупувачите.
Според неа, проблемот лежи во ланецот на снабдување, каде што дистрибутерите и трговците поставуваат високи маржи.
„Имаме еден ланец – земјоделци производителите коишто ги носат своите производи во откупни центри, оттаму се продаваат на дистрибутерите, кои пак, ги даваат на трговците. Не можат нас да не обвинат за високите цени затоа што откупувачите се тие кои ги кажуваат цените.
Вие како потрошувачи купувате сурови на производи, на пример како домати, по 120 денари, додека на земјоделците им се откупуваат по 30 денари.
Сето тоа е заради високите маржи коишто токму овие дистрибутери и трговци ги ставаат и за жал, кремот или заработката од нив ја земаат токму тие, а не оние вистинските производители“ – изјави Васка Мојсовска, Претседателка на Националната федерација на фармери, за Сител.