Моќните компјутерски сервери на мобилната апликација WhatsApp се наоѓаат насекаде низ светот. Функционирањето на оваа апликација, која има три милијарди корисници, воопшто не е евтино. Како WhatsApp заработува пари?
Нејзин сопственик е компанијата Мета, која ги поседува и социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Личните сметки (сметки на физички лица) на оваа апликација се бесплатни, а пари се заработуваат од компании кои сакаат да комуницираат со физички лица – тоа е премиум услуга за компаниите.
Компаниите на WhatsApp од минатата година можат бесплатно да креираат канали преку кои можат бесплатно да испраќаат пораки до сите оние кои се претплатени на нивните канали. Меѓутоа, апликацијата не овозможува само комуникација.
Имено, на пример, во Индија е можно да се купи автобуска карта и да се резервира место во автобус преку WhatsApp. Никила Сринивасан, потпретседател на одделот за деловни пораки на Мета, посочи дека нивната визија е да овозможат услуги со WhatsApp, како што е купување автобуски билет, без да ја прекинат комуникацијата со друго лице за време на тоа купување.
Таа нагласи дека неодамна воведената можност да се започне комуникација со WhatsApp директно од страниците на компанијата на Facebook и Instagram вреди неколку милијарди долари. Другите апликации за комуникација имаат поинаков пристап, пишува BBC.