strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти
ХРОНИКА

Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Објавено July 25, 2025 16:30
strana.mk
Сподели
Сподели

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, коишто американски државјанин се обидел да ги внесе во државата преку Меѓународен Аеродром Скопје. По спроведената предистражна постапка од страна на Одделението за истраги предметот е предаден на надлежното Основно јавно обвинителство при што со одлука на обвинителството, семките и маслото од канабис се одземени. Случајот е откриен кога мобилниот тим, поради сомневање, го селектираше патникот за детална контрола. При извршениот преглед и личен претрес, во личниот багаж беше пронајдена бела кесичка со епрувета во која имало седум семки од канабис. Дополнително, во џебот на дуксерот што го носел со себе била пронајдена уште една епрувета со седум семки од канабис, а во чорапот на десната нога, епрувета со жолтеникава течност со интензивен мирис на канабис.
Царински службеници на граничен премин Богородица спречија нелегален влез на тројца илегални мигранти, државјани на Египет. Мигрантите се откриени при контрола на товарно моторно возило каде биле скриени во просторот за палети.
Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за шверц на 400 парчиња женска долна и ноќна облека со потписот на „Викторија Сикрет“ и „Гучи“. Патникот се обидел да влезе во државата без да ги пријави производите кај царинскиот орган, при што се определил на т.н. зелен канал – наменет за патници кои немаат стока за пријавување. Поради сомневање, бил селектиран за детална контрола при што во личниот багаж и ранецот што го носел, била пронајдена непријавената брендирана облека.
Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје запленија 850 парчиња играчки поради основано сомнение за повреда на право од интелектуална сопственост. Сомнителната пратка која пристигнала од Кина и била наменета за увозник од Скопје, се состоела од 200 слушалки, 300 држачи за мобилни телефони и 350 привезоци — сите со ознаки на заштитени трговски марки.
Мобилен царински тим откри три илјади парчиња цигари и еден килограм тутун во личниот багаж на патник, македонски државјанин, кој требало да патува за Лондон. Случајот е откриен по извршена рендгенска и детална контрола на багажот, при што е откриена значителна количина на акцизна стока без акцизни маркички.
Во друг случај, на граничниот премин Богородица, во кабината на камион со цистерна, под тапацирот на една од фиоките, царински службеници открија 11 штеки цигари.
Музички инструменти, аудио опрема и друга електроника се запленети во три случаи на влез во државата на граничните премини Табановце и Меѓународен Аеродром Скопје, откако царински службеници и мобилен тим ги открија во возила со кои македонски и странски државјани се обиделе да ги криумчарат. Запленетата стока е со проценета вредност од 736 илјади денари.

  • Во првиот случај, откриен на граничниот премин Табановце, во комбе со швајцарски регистарски таблички управуван од италијански државјанин, во багажникот биле откриени 5 музички инструменти (вклучувајќи синтисајзери, кларинет и саксофон), перална машина и компјутерски монитор со вредност од 588.833 денари.
  • Во вториот случај, откриен исто на Табановце, мобилен царински тим заплени употребувана аудио опрема скриена во автомобил со холандски таблички управуван од државјанин од Албанија. Меѓу производите имало JBL звучници, EUROPOWER засилувач, DJ миксета PIONEER и перач под притисок Karcher.
  • Во третиот случај, на Меѓународен Аеродром Скопје, царинските службеници открија електрични тапани и аудио опрема Roland во патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Брисел.

Царински службеници на граничен премин Табановце во два случаи спречија обиди за нелегален внес на девизи во износ од 21 илјада евра. Во првиот случај при контрола на автобус, во личната торбичка на еден од патниците се пронајдени 19.600 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека 9.600 евра биле привремено задржани. Во вториот случај, во возило со кое патувале двајца патници се пронајдени вкупно 31.400 евра, при што согласно закон на двајцата патници им биле вратени по 10 илјади евра, додека останатите 11.400 евра се привремено задржани.

Службата за мобилни скенери, во кабина на камион што бил пријавен како празен, на влез во државата на граничниот премин Табановце, откри вкупно 105 парчиња облека и обувки, како и друга разновидна стока со вкупна вредност од 170 илјади денари.

Автомобилска опрема со вкупна вредност од над 100 илјади денари е откриена при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавените автоделови биле скриени во кутии поставени на креветот во кабината, како и во странични прегради на влекачот.

На граничниот премин Блаце царински службеници спречија обид за криумчарење на 20 парчиња автомобилски делови за возила од марката „Хјундаи“.

Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра
Следна статија Кадиров хоспитализиран откако беше спасен од давење во Бодрум

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Украле 500 милиони долари: Разбиена меѓународна хакерска мрежа

Меѓународните истражители ја разбија мрежата на…

July 29, 2025

Сијарто за договорот со САД: Европската Унија е понижена и исмеана

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер…

July 29, 2025

И во Босна масовна емиграција како во Македонија: На последниот попис изгубила повеќе од 620.000 жители

Босна и Херцеговина изгуби повеќе од…

July 29, 2025

Не ви е јасно нешто за пензијата? Од сега граѓаните може да се информираат во ПИОМ на бројот 02/ 15 215

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување…

July 29, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Уапсен е возачот од Крушопек кој прегази 12- годишно девојче во Ѓорче Петров

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што вчера околу 14.30 часот на…

March 22, 2025
ХРОНИКА

Измамен старец: Дај ми 50.000 денари, работам во МВР ќе ти завршам работа за болниот син

Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера во СВР-Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50.000…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Загина 20-годишен мотоциклист од кумановско

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти…

June 4, 2025
ХРОНИКА

Лажно пријавил дека е киднапиран

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно…

January 23, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?