Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово Билал Касами во својот партиски кабинет го прими абасадорот на ЕУ Михалис Рокас.
Од фотографиите кои ги објави Касами се гледа дека во кабинетот го нема државното македонско знаме. Но, затоа пак тука се знамињата на Албанија, НАТО ,ЕУ и САД.
Над каучот каде што седеше амбасадорот гордo e закачена и фотографија на основачот на УЧК Адем Јашари
Кој е Адем Јашари
Основач на УЧК. Во 1998 година, во дреничкото село Доње Преказе, во акција на српската полиција е ликвидиран! Акцијата траела 27 часа, а во неа освен Јашари биле ликвидирани и други членови на неговата група.Јашари за време на опсадата на неговата куќа направил жив штит околу себе од жени и деца од семејството, а потоа лично го убил својот братучед, бидејќи почнал да плаче и сакал да се предаде на Србите.