strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кафето полека станува луксузна стока: Цената се зголемува, продажбата во опаѓање
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кафето полека станува луксузна стока: Цената се зголемува, продажбата во опаѓање
ЕКОНОМИЈА

Кафето полека станува луксузна стока: Цената се зголемува, продажбата во опаѓање

Објавено December 28, 2024 10:42
strana.mk
Сподели
Сподели

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци. 

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат и велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.  

Доколку сопствениците на кафулињата и останатите угостителски објекти, решат намаленото ДДВ да го спроведат директно на цените, тоа ќе значи дека во следните пет месеци, кафето и безалкохолни

Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници, вели за МИА потрошувач од Скопје.

Тој додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на    годината.

Се соочуваме со предизвици во однос на снабдувањето со суровина, поради драстичното зголемување на цените на кафето на берза, кое енормно е во постојан раст со што се достигнува рекордно ниво на висина на цената на кафето. Исто така, глобалните залихи на кафе се ограничени (поради климатските промени и сушата, проблеми со транспортот,  глобалната криза,..), значи намалена понуда, а цените се зголемуваат со самото зголемување на побарувачката. Како компанија, бележиме зголемени производните трошоци поради зголемената цена на основната суровина, вели Миновски за МИА.

Негова оценка е дека во овие услови, на речиси постојани поскапувања на храната, цените на кафето не може да бидат стабилни.

Цените не може да бидат стабилни, зашто кафето е берзански производ и моментно неговата цена е во постојан пораст. Ние како производители на кафе, мораме да ги зголемиме малопродажните цени, иако покачувањето на нашата цена е минимално во однос на условите кои ги диктира светската берза, истакнува Миновски.

Тој нагласува дека продажбата е во опаѓање во однос на претходните години, но се уште е на добро ниво со оглед на тоа што пазарот го бара и го сака турското кафе.

Советот е да се избегнува преголема, широка облека, но тоа не значи дека треба да се откажете од удобните џемпери, туку да ги комбинирате на вистинскиот начин, истакнува Дејрдре Николас, „инф

Се надеваме на стабилизација на берзата. Но, моментната состојба на берзата и информациите што ги имаме укажуваат дека нема да се намали цената или стабилизира за брзо време, дециден е Миновски.

Според „World of Statistics“, земјава лани беше на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно. Податоците велат дека пиеме по два милиона кафиња дневно или околу 730 – 800 милиони годишно. 

Се смета дека во светот дневно се пијат по три милијарди шолји кафе. Најголеми консументи се земјите од ЕУ со 46,8 милиони вреќи (од по 60 килограми) годишно што е 28,1 отсто од глобалната потрошувачка. На САД отпаѓаат 16,1 процент со 26,9 вреќи, а на трето место е Бразил со 22,9 милиони вреќи или 13,7 отсто. Потоа следуваат Германија со 5,7 отсто, Јапонија со 4,7 отсто, Индонезија со 3,3 проценти, Франција со 3,2 отсто, Италија со 3,1 процент, Русија со 2,9 отсто и Канада со 2,4 проценти. 

Според податоците на Меѓународната организација за кафе од 2020 година, 10 земји се најголеми производители. Предничат Бразил со 37,4 отсто од вкупната светска продукција или 63,4 милиони вреќи (од по 60 килограми) и Виетнам со 17,1 процент или 29 милиони вреќи. Потоа следуваат: Колумбија со 14,3 отсто, Индонезија со 7,1, Етиопија со 4,3, Хондурас со 3,6, Индија со 3,4, Уганда со 3,3, Мексико со 2,4 и Перу со 2,2 отсто од вкупната продукција. Во останатиот дел од светот се произведуваат 18,4 милиони вреќи или околу 15 отсто од вкупната продукција.

Во светот се евидентирани околу 12,5 милиони фарми за кафе, а 95 отсто до нив се помали од пет хектари. Скоро половината се во Етиопија, 2,2 милиона, во Уганда, 1,8 милиони и во Индонезиа, 1,3 милиони. Виетнам, Бурунди, Кенија и Колумбија имаат по 500 000 мали производители. Малите производители се р’бетот на оваа глобална индустрија, а најмалку 5,5 милиони живеат во сиромаштија со помалку од 3,2 долара на ден.

TAGGED:кафеЦени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Вишокот од пет илјади наставници ќе добијат поголем ангажман, неопходни обуки, но и повисоки плати, вели Јаневска
Следна статија Мисајловски подели пакетчиња на децата на припадниците на АРМ и МО, Дедо Мраз пристигна со хеликоптер

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка

Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели

Субвенциите за инвертер клима уредите што беа дел од проект на минатата влада би требало да бидат исплатени за две…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен…

January 11, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?