strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кафето станува луксуз, во Ирска и Италија едно еспресо достигна 4 евра
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Кафето станува луксуз, во Ирска и Италија едно еспресо достигна 4 евра
БИЗНИС

Кафето станува луксуз, во Ирска и Италија едно еспресо достигна 4 евра

Објавено May 2, 2025 08:57
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Ирска и Италија, шолја еспресо сега достигнува цена до четири евра, што е значително повеќе од 2,5 или три евра колку што чинеше во 2020 година. Некои ирски угостители предупредуваат дека цената наскоро би можела да достигне пет евра.

Цените во Македонија и регионот се пониски, но сепак се значително повисоки отколку пред неколку години.

Од производителите до крајните потрошувачи, се чувствуваат последиците од зголемувањето на цените на суровото кафе, поттикнати од мешавина од климатски промени, растечка побарувачка, логистички проблеми и пазарни шпекулации, пишува бизнис порталите. Странските аналитичари истакнуваат неколку клучни фактори зад овој загрижувачки тренд.

Намалувањето на светските залихи на кафе, заедно со истовремениот раст на залихите и потрошувачката, практично ја изедначи цената на комерцијалното и специјалното кафе. Таа разлика во цените порано беше од 50 до 70 проценти, а денес е од 10 до 20 проценти, поради што може да има намалување на квалитетот на кафето, со тоа што се дозволува мешање на други адитиви во кафето, како што се цикорија, јачмен или грашок на пазарите со пониски цени. Патем, додавањето на сурогати во одреден процент е дозволено и со нашите прописи, но производителите се должни да го наведат ова на декларацијата.

Порталот наведува дека угостителите, особено во Европа, се борат да одржат маржи на профит. Здружението на ресторани на Ирска (RAI) истакнува дека нивните членови се борат со зголемувањето на набавните цени на кафето, кои се зголемија за 40 проценти за една година, со дополнителни зголемувања на цените на енергијата и деловните цени.

Производителот на „Лаваца“, како што беше најавено, ги намали маржите на профит од 11-12 проценти на 9,3 во 2024 година. Дополнителен притисок создава и неодамна воведената американска увозна давачка од 10 проценти на кафето, а некои од најголемите компании во оваа индустрија дури и објавија дека планираат евентуално преместување на производството на американскиот пазар, но неизвесно е дали тоа ќе влијае на смирување на состојбата во овој сектор на краток рок.

Претседателот на Каталонската асоцијација за кафе нагласи дека сушите во последните три до четири години во Бразил и Виетнам биле исклучително сериозни и влијаеле на падот на приносите, што е проблем бидејќи овие две земји произведуваат дури 55 проценти од светското кафе.

Прогнозата за бразилското производство во 2025 година не е одлична. „Рабобанк“ предвидува дека производството на кафе во Бразил ќе се намали за 6,4 проценти во следната сезона. Во споредба со минатата година, цената на кафето Арабика е двојно зголемена, додека Робуста, која веќе поскапе пред две години, е зголемена за дополнителни 40 до 50 проценти. 

TAGGED:КафеЛуксузРастЦени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија ЛА Клиперси изедначија против Денвер на Западната Конференација (ВИДЕО)
Следна статија Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с аналитическими инструментами

Скачать мобильное приложение 1xbet: интеграция с…

March 1, 2026

Прогласени најлошите авиокомпании во светот

Сите сме поминале часови мерејќи ги…

February 28, 2026

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон,…

February 28, 2026

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски…

February 28, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите…

January 28, 2025
БИЗНИС

ФЕД ги задржа каматните стапки, се најавуваат две намалувања до крајот на годината

Федералните резерви на САД одлучија да ја задржат референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,5 отсто, а сепак…

June 19, 2025
БАЛКАН

Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари

Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на   трговските синџири в петок, 24…

January 20, 2025
БИЗНИС

Девет од десет нови автомобили во Норвешка продадени во 2024-та биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација објавени во четвртокот,…

January 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?