Д-р Сашко Кедев, кардиолог и искачувач на големи височини, во 2024 година постигна историски успех со искачување на четири врвови над 8.000 метри. Во интервју за РСЕ тој зборува за предизвиците на екстремните височини, поврзаноста со професијата и како ризикот го обликува физички и ментално.
Г-не Кедев, 2024 година ви беше година на најинтензивно искачување, со оглед дека искачивте голем број на врвови? (Лоце, Макалу, Шишанпагма).
2024 година ја почнав со повторниот обид на Шишапангма на пролет и се подготвувавме да одиме, меѓутоа кинеските власти не ја отворија планината и затоа алтернативно продолживме во Непал, прво на Макалу, па на Лоце кои успеавме да ги искачиме со нашата експедиција. На Кангченџунга не успеавме дека имаше лоши временски услови, и следен беше Гашербрум 2 во Пакистан во јули месец и есенва беше искачувањето на Шишанпагма. Значи четири врвови над 8.000 метри во 2024 година.
Досега освоивте 12 врвови над 8.000 метри надморска височина. Кога планирате да ги искачите последните два, со што ќе ги заокружите сите во светот над 8.000 метри?
Двата врва над 8.000 метри што остануваат да ги качам се Кангченџунга во Непал и Гашербрум 1 во Пакистан. На овие два врвови досега имам неуспешни обиди. На Кангченџунга на два пати не успеавме и оваа година немав време да продолжам после искачувањето на Гашербрум 2, на таканаречениот Г1 поради недостаток на време, имав професионални обврски во Њуделхи, Индија и морав да ја прекинам таа експедиција. Значи останува Кангченџунга, најверојатно некоја пролет, можеби оваа 2025 година, ако се собере нашата група и Гашербрум 1 во Пакистан, тоа е накаде во летниот период. Меѓутоа се зависи од и од временски услови и од дозволи и од собирање на соодветна.
Како го издржувате сето ова психо-физички, кога истовремено работите и како кардиохирург, што е професија која бара сериозно вложување?
Искачувањето на големите височини е пред се со белите дробови и со умот. Белите дробови ни овозможуваат соодветна оксигенација на организмот, а умот е таканаречената движечка сила што не искачува. Поврзаноста со професијате е ризиците. Во нашата професија на дневна основа ние се соочуваме со ризк од смрт и живееме со тој ризик. На големите височинии се соочуваме исто со ризик, меѓутоа од сопствена смрт и тука јас ја најдов допирната точка помеѓу искачувањето на големите височини и интервентната кардиологија што е моја професија.
Повеќе на РСЕ