Експремиерот, Димитар Ковачевски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека францускиот предлог во кој стои влегување на бугарското малцинство во македонскиот Устав е добро за Македонија.
Според него, со тоа се побива тезата дека се работи за еден народ во две држави.
„Се потпиша и Договорот Фронтекс, се направи тој француски предлог на база на малцински прашања, наместо да се зборува за прашања од идентитетска природа, ние имаме предлог во којшто бугарското малцинство треба да биде запишано во нашиот Устав. И тоа дополнително сметам дека е добро за Македонија со оглед на тоа дека со влегувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав се побива бугарската теза дека се работи за еден народ во две држави“, вели Ковачевски.
Тој додава дека сега ќе имаме прв документ во којшто и македонското и бугарската етничка заедница се јасно разграничени дека тоа се два различни народи кои зборуваат свои различни јазици, култури.