Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија.
На 7 мај 2019 година на централниот плоштад во Скопје папата Франциск одржа света литургија, а по неговата посета порача дека „Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа”, а жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење.
Тој притоа напомена дека „Бугарија и Македонија се две древни, но и различни нации”, истакнувајќи дека „македонскиот народ има голема културно-историска традиција, но дури неодамна успеа да ја конституира својата државност”.