strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата?
ЗДРАВЈЕ

Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата?

Објавено November 17, 2024 17:56
strana.mk
Сподели
Сподели

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата.

Според податоците собрани од Светската здравствена организација, стапките на дебелина се удвоиле во светот, вклучително и во Британија и САД. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот сега се сметаат за дебели, со БМИ над 30.

А кога ќе се кликне за Македонија на светската мапа на дебелината, се појавува информацијата дека кај нас во 1990 година процентот на дебелото население бил само 14,37 отсто, додека во 2022 година таа бројка била 30,65 отсто. Така, меѓу 1990 и 2022 година, нивото на дебелина во Македонија се променило за 113,29 отсто.

За тој период, според најновите податоци на СЗО, Американска Самоа е најдебелата нација. Излегува дека три четвртини од возрасните на полинезискиот остров, територија на САД, се технички дебели. Стапките на дебелина од 70 проценти, исто така, ги надминуваат островите Тонга и Наури во јужниот дел на Тихиот Океан, кои беа на врвот на табелата во 1990 година.

Кога ќе се споредат сите податоци, СЗО покажува дека Французинките и Шпанките денес се помалку дебели отколку во 1990 година.

Во тоа време, возрасното население во Обединетото Кралство беше 73-то на светската листа за дебелина, сместено помеѓу Бермудите и Чиле со просечни 12,4 проценти. И до 2022 година, Британија падна за едно место на 74-то место на листата Во 1990 година, САД беа 21-ви на меѓународната листа за дебелина помеѓу Саудиска Арабија и Украина, со 18,5 отсто од возрасните кои пријавиле ниво на БМИ од најмалку 30. До 2022 година, 42,9 проценти од возрасните Американци биле дебели, поради што сега се рангирани на 18-то место, што е исто така пораст од над 130 проценти.

Што се однесува до најтенките, уште во 1990 година, Виетнам, Источен Тимор, Етиопија и Бангладеш имале најниско ниво на дебелина. Помалку од 0,3 проценти од луѓето што живееле таму се сметале себеси за дебели во тоа време – што е еквивалентно на еден од 333 луѓе. А во 2020 година, на самото дно на табелата се Виетнам (2,1 отсто), Источен Тимор (2,3 отсто) и Етиопија (2,4 отсто).

Овие податоци се неверојатно загрижувачки. Она што е најзагрижувачко е колку брзо се зголемија нивоата, особено во делови од светот каде што исто така има голема сиромаштија. Во тие земји постои голема несигурност кога е во прашање храната, а сега и дебелината. Тоа само покажува дека дебелината не се сфаќа сериозно – истакнува професорот Александар Мирас, експерт за третман на дебелината на Империјалниот колеџ во Лондон, на што Там Фрај, претседател на Националниот британски форум за дебелината.

Тој смета дека бројките се катастрофални.

Во Африка сега има повеќе дебели отколку неухранети, што изненади многумина. Ова ризикува да го влоши глобалното здравје. Дебелината е состојба која во голема мера може да се спречи. Но, тоа не е само состојба сама по себе, туку предизвикува многу други проблеми кои се уште поважни, како што се дијабетес тип два, срцеви заболувања, бубрежни заболувања. Затоа цената на здравјето ќе расте.

TAGGED:дебелинамакедонија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Милевски: Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас
Следна статија Студен бран од север доаѓа во Македонија

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

Се огласи Дурловски по случувањата на настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Во држава која и понатаму се…

November 23, 2025

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа…

November 23, 2025

Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката…

November 22, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Македонски кардиохирурзи дел од историски подвиг во трасплантација на срце во Швајцарија

Тим за трансплантација во кој учествуваше кардиохирургот од Прилеп, Петар Ристески, доктор во Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, со која…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски од Собрание: Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме…

November 28, 2024
ЗДРАВЈЕ

Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција

Робот опремен со вештачка интелигенција, како и со алатки за сечење и фаќање меко ткиво, со 100 отсто успешност отстрани…

July 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Офталмолозите предупредуваат: Хлорот од базените може трајно да ги оштети очите

Започнува сезоната на базени. Жештината и дружењето со семејството и пријателите го прават базенот идеално место за поминување на попладнето,…

June 7, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?