strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта
ЗДРАВЈЕ

„Колегиумот го процени ризикот од операција како неприфатливо висок“ – Кардиохирургија демантира дека на пациент му пукнала аорта

Објавено April 12, 2025 08:50
strana.mk
Сподели
Сподели

Во врска со написите во некои медиуми дека пациент починал на Клиниката за кардиохирургија пред два дена, откако не му била направена операција за пукната аорта затоа што немале услови, операциона сала и апарати, ЈЗУ УК за државна кардиохирургија испрати демант кој го објавуваме интегрално:

„Информаторот или нема доволно податоци за пациентот, или не ја познава доволно проблематиката или има свои мотиви намерно да ги извртува податоците.

Имено, станува збор за пациент кој е итно примен на нашата клиника на 08.04.2025 година околу 15 часот префрлен од ГОБ „8-ми Септември“ со симптоми на болка во грбот и епигастрична болка кои се појавиле утрото истиот ден. При прием висок крвен притисок над 270ммХг, но останати витални параметри стабилни. Итно е примен во единица за интензивна нега каде е отпочната терапија по протокол за неговата дијагноза. Многу брзо со интравенска терапија настанува стабилизација на сите витални параметри, стабилизиран крвниот притисок и кај пациентот исчезнаа болките комплетно.

Утврдено е дека дијагнозата на пациентот е Станфорд тип Б дисекција а тоа е раслојување на аортата помеѓу два нејзини слоеви што е многу поразлично од прснување или пукање како што е наведено во гореспоменатиот текст. Со други зборови, пациентот нема прсната аорта и не крвави.

Со оглед на сите овие наоди лекарскиот конзилиум на клиниката дојде до заклучок дека пациентот нема т.н. комплицирана дисекција (руптура, малперфузија или рефрактерна болка која трае повечќе од 12 часа) која бара итен третман без разлика дали е ендоваскуларен или хируршки.

Од друга страна, кај пациентот на компјутерската томографија се евидентира наслага на главната срцева артерија како и тешко заболување на митралниот срцев залисток и другите залистоци на срцето на ЕХО. По разгледување на сите наоди лекарскиот конзилиум дојде до заклучок дека доколку се изнуди потреба од отворен хируршки третман кај пациентот кој е со екстремно висок ризик, шансите за преживување на истиот се 1-3% што беше објаснето на пациентот и на семејството.

Болеста со која што е примен пациентот е една од најкомплицираните и најтешки болести на аортата (најголемиот крвен сад во организмот). Модерната медицина нема конечна став за оптимален третман на овие пациенти. Имено статистички за жал смртноста кај оваа болест кај пациентите кои се лекуваат конзервативно е околу 4-10% интрахоспитално, кај пациентите кои што се третираат ендоваскуларно (стент) смртноста е околу 10%, а кај пациентите кои се третираат со отворена хируршка интервенција  смртноста е околу 20%, а по некои статистики и до 50% и повеќе, но ова важи само за центри со голем број на ваков тип на операции. Но овие статистики се различни кај различни пациенти. За овој пациент колегиумот ризикот го процени неприфатливо висок.

На нашата клиника има две операциони сали. Едната служи само за отворено хируршко лекување на пациентите, а другата е хибридна сала со ангиограф во која можат да се извршуваат отворени хируршки интервенции, стентирање и комбинација од двете или т.н. хибридни процедури. Оваа втората сала е надвор од функција повеќе од еден месец заради поставување на нов апарат кој бара и реадаптација на просторот за што уредно писмено се известени МЗ и ДСЗИ пред почетокот на реконструкцијата. Другата операциона сала е активна и е комплетно во функција.

Имајќи ги предвид сите овие факти беше испратено барање за конзилијарно мислење до Клиниката за торакална и васкуларна хирургија затоа што се тие единствени кои имаат инфраструктура и материјали за ендоваскуларен третман покрај нашата клиника во рамки на јавното здравство на што добивме одговор дека не се во можност да ја направат интервенцијата заради поправка на ангиографот и недостаток на стент графтови. Од таа причина, а со најдобри намери за пациентот, семејството беше испратено на консултации со две приватни болници, а кои согласно нашите сознанија имаат договор со Фондот за здравство за овие процедури. Тоа се единствени места каде што се извршуваат ваков тип процедури во државата. Ова беше направено од стратешка гледна точка како план за следна фаза на лекувањето.

Кај пациентот за време на хоспитализација до моментот на хиперакутното влошување во ниеден момент не се појави потреба од итна интервенција бидејќи пациентот цело време беше без болки, со стабилни витални и лабораториски параметри. Околу 5 часот наутро следниот ден настапи нагло влошување на состојбата на пациентот по што се преземени сите мерки за срцево – белодробно оживување по протокол. И покрај сите преземени мерки на лекарите, за жал, настапи смртен исход. Причината за смртта е непозната со оглед на тоа што семејството категорично одби обдукција за што постои од нивна страна потпишан документ.

Околу комуникацијата со семејството би можеле да кажеме дека во прв момент комуникацијата беше нормална, за после нивното враќање од консултации со приватните болници да стане театрална (со провокации и снимање на персоналот). Поради закана од семејството персоналот во тој момент се повлекува комплетно зад затворени врати во службените простории и дежурниот лекар го известува обезбедувањето на Клинички центар. Со самото доаѓање во контакт на обезбедувањето и семејството настанува меѓусебна расправија и туркање меѓу поединци по што обезбедувањето повикува полиција која се обидува да ја смири ситуацијата. Во тој момент двајца членови од семејството (син и зет на пациентот) се повикани во службените простории за уште еднаш да им се објасни во целост здравствената состојба на пациентот, можниот развој на болеста и потенцијалните ризици од тоа како и можните модалитети на третман и ризиците од нив. Тоа се направи од страна на вработените во присутво на две полициски униформирани лица. За ова постои полициска белешка во ПС Центар. Се дојде до заеднички заклучок да им се даде предлог за лекување во странство со оглед на околностите на нашата клиника но и на другите места каде потенцијално може да се лекува пациентот и им беше целосно објаснета процедурата за вакво нешто на што инстантно се согласија. Истиот разговор е направен и со пациентот во интензивна нега на што и тој се согласи.

Ниту еден доктор за време на настанот не бил на симпозиум. Би сакале да го нагласиме следното: без разлика дали некој или неколку доктори се на едукација, службата на клиниката е во секое време покриена со сите профили на лекари (кардиохирурзи, васкуларни хирурзи, анестезиолози, кардиолози). Ние како универзитетска клиника ја стимулираме и поддржуваме континуираната медицинска едукација на нашите доктори и затоа сметаме дека прашањето е ирелевантно за случајот“.

TAGGED:АортаКардиологија
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден
Следна статија Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и до нивните блиски, да останат смирени,…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

ДСЗИ: Нема пропусти во случајот со починатото дете од Кавадарци

При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци од надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со починатото…

June 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најмоќните природни антибиотици кои ги убиваат сите бактерии

Антибиотиците имаат две, да речеме, спротивни страни или ефекти. Ни помагаат да ги третираме бактериските инфекции, но од друга страна,…

November 10, 2024
ЗДРАВЈЕ

Престанете да се грижите: Истражувањата покажуваат дека 85% од нашите стравови никогаш не се остваруваат

Колку пати сте ја поминале ноќта размислувајќи за нешто што ве загрижува, само за да откриете дека всушност никогаш не…

May 4, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?