Професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет објави на Фејсбук дека членовите на Комисијата за помилување колективно поднесуваат оставка од нивните позиции. Во својата објава, професорот истакна дека оваа одлука е резултат на нивните лични и професионални принципи. Во изјавата, потпишани се и другите членови на комисијата: Проф. д-р Методија Каневчев, Проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.
Колективната оставка доаѓа по силните реакции во јавноста за листата на осуденици кои беа помилувани пред неколку дена.