Тетовска Шкендија е хит во квалификациите за Лигата на шампионите откако синоќа го исфрли ромаскиот гигант ФСБ.
Порано познат како Стеауа, тимот од Букурешт иако поведе на крајот дури и загуби пред своте 50 ијлади гледачи благодарение на головите на Лиридон Латифи и Ване Крстевски. Откако тетовци славеа со 1:0 во Скопје пред една недела, со вкупни 3:1 се пласаираа во третото квалификациско коло.
Но, успехот на Шкендија е многу поголем поради фактот што самиот пласман во третото квалификациско коло гарантира најмалку играње во лигашката фаза од Конференциската лига.
Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе игра против азербењјџанскиот шампион Карабаг. Се разбира, постојат две опција: да го помине или да испадне.
Во првиот случај продолжува во плеј-офот и е на чекор од пласман во Лигата на шампионите и при пораз во оваа фаза ќе игра во лигашката фаза од Лига Европа.
Доколку биде елиминирана од Карабаг, ќе се префрли во плеј-офот за пласман во лигашката фаза од Лига Европа. Ако и таму загуби, тогаш нема да остане без евроспка есзен бидејќи ѝ следува автоматски пласман во лигашката фаза од Конференциската лига.
Со елиминацијата на ФЧСБ македонскиот шампион си обезбеди уште две кола квалификации, односно 4 натпревари, плус уште најмалку 6 натпревари во некоја од лигашките фази (во Конференциската се 6 натпревари, во Лигата на шампионите и Лига Европа се по 8). И да ги загуби сите натпревари ќе инкасира околу 5 милиони евра.
Во секој случај, Шкендија ја чека долга европска есен бидејќи каде и да игра лигашката фаза трае долго. Во Конференциската лига завршува на 18 декември, додека во Лигата на шампионите и во Лига Европа завршува на 28 односно 29 јануари 2026.
Шкендија е вториот македонски клуб кој ќе игра групна/лигашка фаза од европско натпреварување откако Вардар играше во фазата по групи во Лига Европа во сезоната 2017/2018.