strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните

Објавено May 2, 2025 22:23
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека е неопходно да се донесе Закон за Уставниот суд, што, според него, ќе придонесе за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните. Тој ја коментираше претстојната подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, која ќе се одржи на 19 јуни, нагласувајќи дека општеството не треба да стравува од одлуките на Судот и оти не станува збор за напад врз ничии права.

Во однос на потребата од закон за Уставен суд, Костадиновски во гостувањето на емисија „Трилинг“ изјави дека прво треба да се смени Уставот, за, како што рече, да се постави основ за двотретински закон, или законодавецот да донесе уставен закон, исто така, со двотретинско мнозинство.

-Бенефити од Закон за Уставен суд се повеќе. Прво, може да се објективизира и конкретизира терминот истакнат правник, со тоа ќе знаеме кој сѐ може да биде уставен судија, потоа начинот на избор на уставни судии. Јас сум еден од оние кој се залага седниците на Уставен да се пренесуваат во живо, нема друга можност освен сите граѓани да видат кои им се уставни судии, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставен најави дека подготвителната седница за законот за јазици ќе се одржи на 19 јуни.

-На 19 јуни ќе ја организираме подготвителната седница, по неа ќе ни требаат до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на сите ученици. Моја проценка е дека конечната улога ќе биде донесена после изборите, рече тој.

Според него, непотребно се создаде, како што рече „толку голема фама со давање на етнички и политички димензии на постапувањето на судот“.

-Мое длабоко уверување е дека ние во овој стадиум на нашето општество немаме проблем во меѓуетничките односи, имаме проблем со злоупотреба на меѓуетничките односи во политички цели. Никој не треба да стравува од нашето постапување. Ниту едно право што секој еден граѓанин го ужива од нашиот Устав, нема да биде ускратено. Нашите правни стојалишта за кој било закон ќе го натераат законодавецот да направат подобар закон, потенцираше тој.

Костадиновски предупреди дека недонесувањето на измените на Законот за електронски комуникации може да доведе до крах на безбедносниот систем.

-Станува збор за тема која допира до прашање на национална безбедност. И тие мета податоци се важни за нашите безбедносни служби, изјави тој.

Дополни дека е во комуникација со спикерот на Парламентот, Гаши, и дека му е најавен одговор за фазата во која се наоѓа законот.

-Доколку Собранието не постапи во согласност со нашите правни стојалишта, ние немаме избор, ќе мора да интервенираме, но последиците ако настанат, ние не сносиме одговорност, додаде тој.

Во однос на Изборниот законик, Костадиновски изјави дека конечната одлука се очекува на седницата на 14 мај.

За хашките случаи, тој рече дека предметот сѐ уште не е предаден кај него како судија и дека се појавуваат дилеми во поглед на пристапот до класифицирани податоци.

На прашањето дали му тежи ореолот дека бил политички активен, Костадиновски одговори „политичка одлука е да ве номинираат, изборот е политичка одлука. Јас служев за тројца претседатели и воопшто не ми тежи ореолот, јас сум поставувал професионално. Не сум бил член на политичка партија. Сум давај стручни и експертски мислења“

TAGGED:драко костадиновскизаконуставен суд
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Запалени куќата и станот на Зоки Фаци, каде по неговата смрт живеат внуците
Следна статија 15-годишно момче прегазило друго дете со скутер и избегало

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор и финансиер на „параполициска воена формација“ и ме следеле физички – за ова ќе има одговорност!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на едно од прашањата, дали…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци,…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци

Дебар Маало наскоро може да стане тест-зона за нов сообраќаен режим. Општина Центар планира ограничување на движењето на возила за…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ново откритрие на македонските археолози – родниот град на Евридика, бабата на Александар Македонски

Во близина на битолското село Црнобуки археолозите открија остатоци од одамна изгубен антички град. Артефактите пронајдени на локацијата го датираат…

April 21, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?