Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска во емисијата „DailyClick“ на ТВ21 истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на загинатата 22-годишна Фросина Кулакова.
„Длабоко сочувство до семејството и блиските роднини на секга покојното девојче, навистина се работи за изгубен млад живот кој не може да се надомести со никаква казна. Јавното обвинителство ќе постапи согласно законските одредби, ќе биде транспарентно во оваа постапка, ќе знаат граѓаните како ќе се одвива и во која насока ќе одат доказите“, вели Коцевски.
Дел сте во право затоа што и дел од законските одредби се такви што само ЈО, па и судот може да применат закон таков како што постои. Со измените на Кривичниот законик се воведе и ново кривично дело, безобзирно возење, меѓутоа не се избриша одредбата од прекршочната постапка, каде што исто така дел од дејствијата што се во тоа кривично дело опфатени се и во законот за прекршоци. Во случај на пречекорување на брзината на возење, полицијата откако ќе утврди може да поднесе Прекршочна постапка и таа постапка оди директно во Судот, што значи дека елементите на кривичното дело се опфатени и во ова, и тука треба праксата да се воедничи“, додава Коцевски.