Денеска беше изречена пресудата за претседателот на Република Српска Милорад Додик за т.н непочитување на одлуките на Уставниот суд на БИХ. Ова доаѓа по барање на високиот претставник Кристијан Шмит.
Тoj не е избран како што е предвидено во анексот 10 на Дејтонскиот договор. Високиот претставник го бираат Србија, Република Српска, Федерацијата БИХ и Задничкиот орган на БИХ и да биде потврден од Советот за безбедност на ОН. Има плата од 24.000 евра месечно и привилегија да не плаќа данок ни во Босна ни во Германија.
Додик и Лукиќ беа обвинети за спроведување на одлуката на Народното собрание на РС во 2023 година да не се објавуваат одлуките на Шмит во Службен весник на РС. Шмит го поништи законот, но Додик сепак го потпиша, а Лукиќ го објави, што меѓународниот висок претставник го окарактеризира како кривично дело.