strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН
ЕКОНОМИЈА

Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН

Објавено May 21, 2025 09:24
strana.mk
Сподели
Сподели

ИРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата?

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија до компанијата ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како универзален снабдувач со електрична енергија.

Во согласност со Тарифниот систем бр. 01-2437/1 од 17.11.2023 година, побаравме од ЕВН доставување на низа информации од суштинско значење за транспарентноста на процесот на формирање на цените на електричната енергија, меѓу кои се:

Финансиски извештаи и бруто биланси за 2023 и 2024 година,

Податоци за набавена и планирана електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година,

Број на домаќинства и мали потрошувачи, како и нивната потрошувачка во последните 12 месеци,

Локации на веб страните од јавно објавените предлог-одлуки и мислења од јавноста,

Објаснување за математичките методи за формирање на цените и применетите коефициенти.

Ова барање е поднесено поради сомневања за можни несогласувања во објавените цени и коефициенти при формирањето на цената на електричната енергија, за кои е потребно детално образложение и транспарентна проверка. Целта е да се обезбеди јавно одговорно и отчетно управување со процесот на одредувањето на цената, што е од исклучителен јавен интерес.

Очекуваме целосен одговор во рок од пет дена, идентично како роковите што се пропишано со Тарифниот систем при прибирањето на мислења и предлози од јавноста во врска со Предлог одлуките за цените кои ги носи универзалниот снабдувач ЕВН.

Оригиналниот текст на барањето е приложен кон ова соопштение.

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СОГЛАСНО ТАРИФНИОТ СИСТЕМ

Почитувани,

Согласно одредбите од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај Бр. 01-2437/1 од 17 ноември 2023 година (во натамошниот текст Тарифникот) бараме да ни ги доставите следните информации:

1) Финансиските извештаи за 2023 и 2024 година, заедно со сите прилози изготвени согласно барањата на меѓународните сметководствени стандарди, и ревидирани од страна на овластен ревизор;

2) Бруто билансите за 2023 и 2024 година;

3) Финансиско-сметководствени информации кои ги имате доставено до Регулаторната комисија за енергетика за 2023 и 2024 година,

4) Податоците за набавена електрична енергија, како и податоци за планирана набавка на електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година;

5) Податоците за бројот на домаќинства и мали потрошувачи вклучувајќи и ја нивната потрошувачка во последните 12 месеци од 2023, 2024 и 2025 година;

Наведените податоци бараме да ни ги доставите во електронска форма во формат што овозможува нивна понатамошна обработка.

Дополнително бараме да ни ги прикажете:

1) Линковите каде се објавени предлог одлуките со образложение за начинот на формирање на продажните цени вклучително и податоците врз основа на кои е направена пресметката, (на која од вашите веб страници истите се објавени во периодите пред 5 декември годините 2023 и 2024)

2) Линковите од веб страницата каде се објавени добиените мислења и предлози од заинтересираните правни и физички лица во однос на предлог одлуката од 2023 и 2024 година, а кои потоа сте ги доставиле до Регулаторната комисија за енергетика во рок не подолг од два дена од денот на добивањето, согласно одредбите од член 14 став (3) од Тарифникот.

Во врска со одлуката за формирање на продажни цени за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје Бр. 02-1129/2-1 од 20.12.2024 година, а поради сомневање за можни грешки во коефициентите за кои не можеме ја утврдиме нивната точност, бараме објаснување:

1) Како се добиени цените на пресметковните елементи во износ од 15,1845 ден/kWh за категоријата мали потрошувачи, ако утврдената просечна цена е 4,6244 ден/kWh, а коефициентите се 0,8296?

2) Како, според која математичка метода или формула се определени коефициентите за категоријата мали потрошувачи за четирите високите тарифи и ниската тарифа?

Сите овие податоци бараме да ни се достават електронски во рок кој не може да биде подолг од пет дена од денот на испратеното барање, што е идентично како и роковите кои се предвидени за прибирање на мислењата и предлозите од заинтересираните правни и физички лица во однос на предлог одлуката која ја објавувате на вашата веб страна согласно одредбите од член 14 став (2) од Тарифникот, велат од ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ИРМ).

TAGGED:евнИнженериструја
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Отсечени градови, куќи во вода: жителите качени на покривите во делови од Австралија
Следна статија Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис

Поранешниот кошаркар на Феникс и Клиперс,…

July 30, 2025

Трамп призна: Се разделив од Епштајн кога направи нешто несоодветно

Американскиот претседател Доналд Трамп даде објаснување…

July 30, 2025

Вучиќ најави нови мерки од 1 септември „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави „голем…

July 30, 2025

(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда со полицијата

Црвена звезда избори пласман во третото…

July 30, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

НБРМ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2024…

December 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и…

November 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Некои маркети може да бидат затворени, откако кај нив се констатирани неправилности

Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и…

March 1, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?