Кремљ објави дека продолжува да ги следи изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со санкциите против Москва, но дека Русија, благодарение на долгогодишното искуство, е имуна на ваквите мерки.
Трамп во вторникот изјави дека САД ќе почнат да воведуваат нови тарифи и други мерки против Русија за 10 дена ако Москва не покаже напредок кон прекинување на повеќе од тригодишната војна во Украина.
„Долго време живееме под голем број санкции, нашата земја функционира под голем број ограничувања“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.
Тој додаде:
„Затоа, секако, веќе развивме одреден имунитет во овој поглед и продолжуваме да ги следиме сите изјави на претседателот Трамп, како и на други меѓународни претставници за ова прашање“, рече портпаролот на Кремљ.