strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани – по еден од нив се уште се трага
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > НАСЛОВНИ > Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани – по еден од нив се уште се трага
НАСЛОВНИХРОНИКА

Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани – по еден од нив се уште се трага

Објавено April 16, 2025 13:24
strana.mk
Сподели
Сподели

Десет полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ против 10 лица, полициски службеници, информираат од МВР.

Кривични пријави добиле П.С. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник во СВР Штип), Ј.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), С.Д. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип), М.С. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на одделение во Одделение за полиција во СВР Штип), Љ.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник во СВР Штип), В.П. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор по сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), Д.А. (во време на извршување на кривичното дело самостоен инспектор за јавен ред и мир во СВР Штип), А.А. (во време на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник на СВР Штип), В.И. (во време на извршување на кривичното дело на работно место документарист во ПС ОН Кочани во СВР Штип) и А.Т. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место командир на ПС ОН Кочани).  

Првопријавениот П.С. на 7 декември 2012 година потпишал акт и истиот го доставил до Министерство за економија со кој дал согласност дека кабаре „Пулс“ поседува елаборат за заштита од пожари и опасни и експлозивни материи и ги исполнува законските услови во делот на сообраќај со што придонел на правниот субјект ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани од страна на Министерството за економија да му биде издадена лиценца за вршење на угостителска дејност на кабаре “Пулс“ од 13 декември истата година.

Второпријавениот Ј.Т. и третопријавениот С.Д. на 10 февеуари 2018 година доставиле мислења и не извршиле целосна проверка пред да ги изготват мислењата и согласноста, каде спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност констатирале дека кабаре „Пулс“, претставувано од ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

-Четвртопријавениот М.С. и петтопријавениот Љ.Т. иако знаеле и биле должни да знаат дека кабаре „Пулс“, претставувано од ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани не ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај, на 10 февруари 2018 и 24 јануари 2019 година одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое е констатирано дека се исполнети законските услови  во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај. Шестопријавениот В.П. на 24 јануари 2019 и 21 јануари 2022 изготвил акт до Министерството за економија со кој доставил известување и констатирал дека кабаре „Пулс“ ги исполнува законските услови во делот на сообраќај на начин што не ги извршил потребните проверки со кои би утврдил дека не се исполнети  законските услови за давање на согласност во делот од сообраќајот, информираат од МВР.   

Седмопријавениот Д.А., пак, на 21 јануари 2022 година изготвил акт со кој на ДППТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани – кабаре „Пулс“ му издава согласност за вршење на угостителска дејност и истото го доставил до Министерство за економија, спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност. Иако знаел дека во кабаре „Пулс“ имало нарушувања на јавниот ред и мир, не извршил никакви проверки, туку се повикал на одговорот од ОВР Кочани во однос на нарушувањата на јавниот ред и мир, во кој пак не била правилно отсликана вистинската фактичка состојба, по што констатирал дека кабаре „Пулс“ ги исполнува законските услови  во делот на јавен ред и мир и сообраќај.

Осмопријавениот А.А. и второпријавениот Ј.Т. на 21 јануари 2022 година одобриле и потпишале известување до Министерството за економија, во кое е констатирано дека се исполнети законските услови  во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај.

Деветтопријавениот В.И. на 21 јануари 2022 година изготвил телеграма во која наместо да даде точни и целосни податоци дека во кабаре „Пулс“ и во близина на истото кабаре има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, истиот дал податоци само дека во кабарето, односно во правното лице ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани во 2021 година имало едно нарушување на јавниот ред и мир, а истиот иако знаел дека има нарушувања на јавниот ред и мир и пријавени кривични дела во 2019 и 2020 година, не дал никакви податоци за истите.

Десеттопријавениот А.Т. иако знаел и бил должен да знае дека има повеќе пријавени нарушувања на јавниот ред и мир во близина на кабаре „Пулс“, истиот вака изготвената телеграма ја контролирал, одобрил и потпишал со своерачен потпис.

-Со чинење на наведените дејствија, пријавените како службени лица овозможиле правното лице ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани да се стекне со лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре „Пулс“ во Кочани на начин што не постапиле според прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна проверка пред да биде издадена позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, со што предизвикале опасност за животот и телото на луѓето на место каде што се собираат поголем број луѓе, при што на 16.03.2025 во кабаре „Пулс“ настанат е пожар во кој животот го загубија 61 лице, велат од МВР. 

Од пријавените, лишени од слобода се шест лица, по едно се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

TAGGED:АпсењеКочаниПолицајци
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Трговската војна меѓу САД и Кина може да го попречи глобалното снабдување со лекови кои спасуваат животи
Следна статија Фон дер Лајен: Западот каков што го познававме повеќе не постои

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица…

June 17, 2025
Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025

Димитриевски: За одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

Дефинитивно за одредени градови ќе имаме…

June 18, 2025

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Директорот на Фондот за здравствено осигурување…

June 18, 2025

Вучиќ најави голема воена парада во Белград во септември

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време…

June 18, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Две лица од Тетово со сила пробале да влезат во канцеларијата на градоначалникот Касами

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И.(34) и А.А.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Приведен Александар Карадакоски, газда на фирмата што раководела со „Пулс“

Александар Карадакоски, сопственикот на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“ која раководела со дискотеката „Пулс“ е приведен, објави Телма. Фирмата имала…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од Македонија

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На…

June 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?