Инвеститор во криптовалути е изведен пред суд откако беше уапсен под сомнение за киднапирање и мачење на италијански студент во куќа на Менхетн, објавија американските медиуми.
Џон Волц (37) беше обвинет во Кривичниот суд во Њујорк во 9 часот наутро по локално време за киднапирање за откуп, напад, лажно затворање и други обвиненија, покажуваат судските документи. Во врска со случајот исто така е уапсена 24-годишната Беатрис Фолчи беше, објави CBS News.
Двајцата беа уапсени откако жртвата успеала да избега од куќа во населбата Сохо во Њујорк, каде што полицијата вели дека била врзана и мачена со недели.
Жртвата, 28-годишен италијански државјанин чие име не е објавено, е однесен во болница и е во стабилна состојба, соопшти полицијата. Според извештаите на медиумите, фотографии од човекот како е врзан и мачен, како и огнено оружје, се пронајдени во луксузниот дом. Човекот ѝ кажал на полицијата дека пристигнал во Њујорк од Италија на 6 мај и дека по пристигнувањето во домот на осомничениот, Волц му го конфискувал пасошот и го држел заробен сè додека не успеал да избега во петокот наутро.
Според кривичната пријава добиена од ABC News, нападнатиот човек рекол дека Волц и друго лице го претепале и го држеле преку работ на зграда кога одбил да ја открие лозинката за неговиот биткоин паричник. Волц, инвеститор во криптовалути од Кентаки, изнајмувал куќа во Сохо за помеѓу 30.000 и 40.000 долари месечно, според CBS News.