Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели дека била киднапирана од невладини организации и УСАИД.
-И Македонија е киднапирана од лево ориентирани невладини организации и УСАИД. За Американците можеа да се заштедат 290 милиони долари, напиша Павловски на Х, а во објавата го означи (т.н. „тагна“) и Илон Маск.
Павловски е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube и работи во тимот на Доналд Трамп.
Претседателот Трамп издаде наредба за замрзнување на речиси целата странска помош, истакнувајќи дека администрацијата ќе ги прегледа трошоците за да се осигура дека средствата се во согласност со неговата политика „Америка на прво место“.
Поддршка за преместување на УСАИД под Стејт департментот стигна и од претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Брајан Маст, кој изјави дека е потребна „повеќе команда и контрола“ врз агенцијата.
Администрацијата на Трамп викендов продолжи со реформи во Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). Десетици вработени беа испратени на административно отсуство. Според американски медиуми, Трамп има намера да ја стави агенцијата под контрола на Стејт департментот.
Wow, Macedonia has also been hijacked by left wing NGO's and USAID. $290 million can be saved for Americans.
cc: @elonmusk @DOGE https://t.co/sm8jrrFUNS
— Chris Pavlovski 🏴☠️ (@chrispavlovski) February 4, 2025