strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Кубанска министерка поднесе оставка поради нејзината изјава дека во земјата нема питачи
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Кубанска министерка поднесе оставка поради нејзината изјава дека во земјата нема питачи
СВЕТ

Кубанска министерка поднесе оставка поради нејзината изјава дека во земјата нема питачи

Објавено July 16, 2025 17:11
strana.mk
Сподели
Сподели

Кубанската министерка за труд и социјално осигурување Марта Елена Феито Кабрера поднесе оставка од функцијата поради нејзината изјава во која негира дека на островот има питачи, што предизвика силни реакции во тамошната јавност и политичка елита, пренесува Би-би-си.

На седницата на Националното собрание, министерката тврдеше дека ако подетално се анализира ситуацијата не терен, на Куба нема просјаци бидејќи луѓето што просат носат облека што сугерира дека не се вистински просјаци. Дополнително, посочи дека оние што пребаруваат по ѓубриштата, контејнерите и депониите тоа го прават по сопствен избор, со цел да заработат, како што рече, лесни пари.

„Гледаме луѓе што изгледаат како просјаци, но кога ќе ги погледнете нивните раце, нивната облека, ќе заклучите дека тие се маскирани како просјаци. Нема просјаци на Куба“,кажа таа.

Според неа, тие истовремено се и нелегални учесници во процесот на рециклирање на отпадот.

Нејзините изјави предизвикаа лавина од критики меѓу граѓаните, активистите и интелектуалците во Куба, кои посочија дека тоа е навреда за кубанскиот народ.

Реакција упати и кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој посочи дека раководството на земјата не смее да биде одвоено од реалноста на народот.

„Никој од нас не може да дејствува со ароганција ниту можеме да дејствуваме со благонаклоност, исклучени од реалноста што ја доживува нашиот народ“,рече тој.

Веднаш потоа министерката си поднесе оставка од функцијата, која е прифатена од Кубанската комунистичка партија и од владата.

Официјалните институции соопштија дека оставката е поднесена по заедничка анализа во која учествувале раководството на партијата, владата и самата министерка, по увидување на своите грешки.

Кубанската влада не објавува официјална статистика за бројот на луѓе што просат, но нивниот број на улиците јасно ја одразува сериозноста на економската криза што ја погодува земјата, како што е недостиг на храна и лекови.

Според податоците на кубанската влада, минатата година 189 илјади семејства и 350 илјади луѓе како ранливи категории на граѓани искористиле програми за социјална помош на островот, со население од 9,7 милиони луѓе.

TAGGED:земјакубакубанска министеркаОставкапитачи
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
Следна статија Италијанските затвори се преполни – може да ослободат 10.000 затвореници

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките

Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија…

July 30, 2025
ИЈЗ – Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку храна вода

Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции,…

July 28, 2025

Кремљ: Русија е имуна на најавените санкции на Трамп

Кремљ објави дека продолжува да ги…

July 30, 2025

YouTube воведува автоматски ограничувања за малолетни корисници почнувајќи од 13 август

YouTube ќе користи вештачка интелигенција за…

July 30, 2025

Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Кривична пријава е поднесена за македонски…

July 30, 2025

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман…

July 30, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека не може да има прекин на огнот пред да има преговори…

May 21, 2025
СВЕТ

Илегален мигрант од Гватемала запали жена во метрото во Њујорк

Идентификуван мажот кој на 22 декември во метрото на Њујорк запали жена, која почина. Напаѓачот е 33-годишниот Себастијан Сапета, илегален…

December 25, 2024
СВЕТ

Од денеска на европските граѓани им треба еден документ за влез во Британија, позната цената на пропусницата

Европските граѓани кои патуваат во Обединетото Кралство од денеска ќе имаат потреба од дигитална пропусница за влез во земјата, што…

April 2, 2025
СВЕТ

(ФОТО) Oва се ракетите со кои Украина може да ја гаѓа Русија

Одлуката на САД да одобри Украина да користи ракети со долг дострел за да гаѓа мети во Русијa ги вознемири…

November 18, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?