strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври
МАКЕДОНИЈА

Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври

Објавено October 11, 2024 14:10
strana.mk
Сподели
Сподели

Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Бројни делегации, предводени од Здужението на борците Куманово, градоначалникот на општина Куманово, делегација од Владата, од Собранието, од кабинетот на претседателот, Армија, МВР, државни институции, амбасадори и претставници од амбасади, установи, политички партии, здруженија на граѓани, денеска положија цвеќе на Спомен костурницата во Куманово.

Пред присутните се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека е гордост да се оддава почита на храбрите борци и херои кои ги дадоа животите за слободна Македонија. Во говорот се осврна и на формирањето на козјачкиот и карадачкиот одред од кумановско, како предводници на слободарските тенденции на народот.

11 Октомври ја испиша македонската историја, која нè мотивира да одиме напред, да имаме повеќе доверба едни во други. Денот кога е поставен еден од темелите на македонската државност е симбол на визијата, храброста, пожртвуваноста на борците, рече Димитриевски и повика да не се заборава датумот кој е чекор напред во поддржувањето македонската традиција, на напредното општество, против негација на општочовечки вредности.

Тој повика љубоморно да се чува земјата од сите зла, зашто, како што истакна друга, резервна татковина немаме.

Денеска живееме во држава полноправна членка на НАТО, се стремиме да влеземе како еднаква членка во големото европско семејство, но за жал, сè уште во 21 век не се надминуваат стеротипите од минатото, сè уште доаѓаат континуирани негации однадвор на македонскиот јазик, идентитет, култура, историја, самобитност. Денес се обидуваат да нè убедат дека окупаторите коишто ги убија сите овие борци на Спомен костурницата и ширум Македонија и одземаа голем број на животи, граѓани на Македонија, не биле окупатори, туку биле администратори. Ние добро си ја знаеме историјата, ќе ја почитуваме, ќе ја негуваме, нема да дозволиме никому да ни ја смени. Тоа е наш долг кон предците кои ги положија своите животите за независна Македонија. Не постои цена за членство во ниту една организација или сојуз која ќе ни го промени ставот и ќе нè наведе на непочитување на сопствената историја, изградена на многу изгубени човечки животи, рече во говорот Димитриевски.

Честитајќи им го празникот на бројните граѓани и присутни, тој повика на сплотеност, на меѓусебна почит, на напредок на државата, со заеднички сили и напори да се изгради стабилна и сигурна иднина.

Пред присутните зборуваше и претставник од здружението на борците и негови поддржувачи. Благе Јакимовски кој во говорот кажа дека на денешниот ден на македонското востание и денот на борецот, сите треба да искажат благодарност за сите кои учествувале во борбата, кои се вложиле за национална и социјална слобода и учествувале во создавањето на Македонија. Тој кажа дека борците покажале огромна „храброст и пркос во борбата против фашистичка Германија и нејзините сателити“ и повика идните генерации достојно да ги одбележуваат значајните датуми.

Владината делегација ја сочинуваа министрите за јавна администрација и за спорт, Горан Минчев и Борко Ристовски и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски. Цвеќе положија и пратениците, Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски.

Куманово достојно со бројни културни и спортски манифестации го одбележува 11 Октомври. Денеска ќе се одржат бројни настани на отворено фестивали „Куманиум“, „Гитаријада“ и „Арт Атак“, изложба на олдтајмери, турнири во фудбал, пинг-понг, ракомет, атлетски митинг во атлетика, велосипедска трка, над десетина манифестации наменети за сите возрасти.

Спомен костурницата изградена е во 1957 година, ја проектирал архитектот Кочо Зордумис, спомениците ги изработил вајарот Сретен Стојановиќ. Централна положба е скулптура на жена со високо подигнато класје и обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во народноослободителната војна од кумановско

TAGGED:11 октомврикуманово
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија „Да го направиме Вардар повторно голем“, се огласи новиот сопственик од Унгарија
Следна статија Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите соопшти дека одлуката на Уставниот суд да се поништи т.н. солидарен данок…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Дури 216.000 Македонци имаат бугарски пасоши

Расте бројот на македонски граѓани со бугарски државјанства. Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, на вкупно 216.594…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски за предизвиците со кои со соочува Македонија: Граѓаните да не се грижат!

Многу важно за нас е состанокот в недела за унгарскиот заем да заврши успешно, за да почнеме со користење на…

November 15, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?