На следното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски конечно како сведок ќе се појави Гоце Трајковски, стариот кум на семејството, кој заедно со таткото Александар Ѓорчевски трагаше по Вања.
Тој треба да објасни од каде и како ги набавувал снимките кои подоцна им ги предавале на полицијата и како почнале да им посочуваат работи на кои „истрагата треба да се фокусира“.
На првото рочиште на кое требаше да се појави, Трајковски преку мајка му Кираца Трајковска се правдаше дека не може да сведочи поради лоша психичка состојба, за на следното веќе да биде во бегство поради извршување на кривично дело.
Откако неодамна се предаде во полиција, Трајковски е во притвор во Шутка и како што беше најавено на денешното рочиште, конечно ќе сведочи на следното судење во петок.