Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања, истакна на почетокот на меѓувладината седница Косово – Македонија косовскиот премиер Албин Курти.
-Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања. Имаме отворена комуникација и широка соработка. Ние сме соседи но и партнери поврзани не само преку трговијата, но и преко фамилјарните врски, како и преку бизнисите кои секојдневно се зголемуваат. Денешната средба е симболична, односно 15 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу нашите две земји.
За време на овие 15 години имаме потпишано повеќе од 50 договори и меморандуми кои што не доближиле уште повеќе, но она што треба да го напоменеме е целосната нивна имплементација. Денеска овој прогрес ќе го унапредиме уште, потпишувајќи два нови меморандуми и еден протокол во важната сфера, како што се енергетиката, образованието и олеснето движење. Нашите добри односи се пресликуваат и постојаното зголемување на трговската размена, изјави косовскиот премиер Курти.