Косово се согласи да ги прими депортираните мигранти од Соединетите Американски Држави, изјави премиерот на лбин Курти по владината седница, пишува CBS News.
Според оваа одлука, нашата земја ќе прифати и смести до 50 лица во период од една година со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло“, напиша Курти на Фејсбук.
Тој додаде дека одлуката е донесена како одговор на барањето на САД за привремено прифаќање и преместување на државјани од трети земји.
„Како одговор на барањето на Соединетите Американски Држави за прифаќање и привремено преместување на граѓани од трети земји, денес изразивме подготвеност да соработуваме со нашиот партнер и сојузник во Одлуката на Владата, на нашата 262-ра седница.
Според оваа одлука, нашата земја ќе прифати и смести до 50 лица во период од една година со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Тие лица ќе бидат избрани од предложениот список, под услов да ги исполнуваат одредени критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред. За време на нивниот престој во Косово, овие лица ќе дејствуваат во согласност со важечкото законодавство и ќе ги уживаат правата утврдени со нашето законодавство.
Соединетите Американски Држави остануваат наш цврст сојузник, а Република Косово секогаш ќе биде негов сигурен партнер. Секогаш сме благодарни за помошта и континуираната соработка и високо ја цениме поддршката во одбраната и развојот, особено на нашиот пат кон евроатлантската интеграција“, напиша Курти.
Веста ја потврди и CBS News
Во изјава за CBS News, амбасадата на Косово во САД потврди дека е постигнат договор за депортација.
„Како одговор на барањето на Соединетите Американски Држави за прифаќање и преместување на граѓани од трети земји, изразивме подготвеност да соработуваме со Соединетите Американски Држави во решавањето на ова прашање под утврдени услови“, се вели во соопштението на амбасадата.
Американскиот Стејт департмент ја поздрави соработката, истакнувајќи дека е благодарен на таканареченото Косово.
„Му сме благодарни на нашиот партнер Косово за приемот на државјани од трети земји депортирани од САД и за олеснувањето на нивното безбедно враќање во нивните матични земји.“