Во подкаст на порталот Екипа тренерот на РК Алкалоид Кире Лазаров ја откри тајната на успехот на неговите играчи во атинскиот пекол на АЕК.
Лазаров открива дека го употребил рецептот на неговиот некогашен тренер во Загреб легендарниот Лино Червар.
По смирената игра и победата на Алкалоид во Атина АЕК одби да игра во Скопје по што тимот од Автокоманда стана победник во Европскиот куп.
Идејата на Червар во салата во Автокоманда пред заминување за Атина ја спровел човекот одговорен за озвучување на салата.
Зошто младите играчи на Алкалоид беа ,,студени како шприцер” во пеколната атмосфера пред 9000 грчки навивачи во Атина на мечот со АЕК кој Алкалоид го доби со 4 гола разлика видете во видеото на Екипа на следниот линк.