На синоќешното гостување во емисијата „Објектив” на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката на Весна Дамева и појасни дека и Дамева и претходната претседателка, како и Наќе Ѓорѓиев, се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%.
„Да ве потсетам, во минатото, Судскиот совет на затворена седница, има одлучено да сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев и ако тоа го споредите со извештаите на ЕК, каде што на најстрог начин беше пренесено да се преземат мерки”, истакна Лефков.
Пратеникот додаде и дека одредени членови на Судскиот совет и одредени судии, се дел луѓето заради кои не може да се воспостават реформи во правосудството.
Токму оние кои што се дел од една одредена политичка игра, кои што долгуваат на оние кои што ги донеле на тие места, долгуваат „хипотеки” на некои многу важни политички актери во минатото и не знаејќи како да се ослободат од истите, тие се најголеми кочничари на реформи во правосудството”, заклучи Лефков.