Лос Анџелес Лејкерс по втор пат во период од 48 часа ги совладаа Лос Анџелес Клиперс, Лејкерси славеа со речиси идентичен резултат како и пред два дена. Сега беше 108:102 (34:28, 22:15, 33:34, 19:25).
Лука Дончиќ повторно одигра одлично. Тој имаше 29 поени, шест скока и девет асистенции, со што го предводеше својот тим во победа која ги искачи „езерџиите“ на второто место во Западната конференција.
Лејкерси имаа предност во текот на целиот меч, а во третата четвртина имаа предност од 21 поен, но Клиперси се вратија во мечот благодарение на расположениот Каваи Ленард, но немаа ниту време, ниту сили да направат целосен пресврт.
Ленард натпреварот го заврши со 33 поени и десет скока.