Ливерпул денеска ја потврди големата вест која беше објавена пред два дена, кога бројни сигурни извори објавија дека Мохамед Салах ќе потпише нов договор и ќе остане на „Енфилд“.
До пред неколку недели изгледаше како невозможна мисија и сите го видоа Салах како нагло ги напушта редовите на „црвените“ со кого му истекуваше договорот, но се случи голем пресврт.
Денеска Ливерпул објави дека „приказната продолжува“, а со одлично видео потврди дека Египќанецот потпишал нов договор.
„Секако дека сум многу возбуден. Сега имаме одличен тим, и претходно имавме таков, но потпишав затоа што мислам дека имаме можност да освоиме други трофеи и да уживаме во мојот фудбал. Овде ги имав моите најдобри години. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат десет. Уживам во мојот живот овде, уживам во мојот фудбал. Ги имав најдобрите години во мојата кариера“, рече Салах по потпишувањето на договорот.
“Би сакал да им кажам на навивачите дека сум многу, многу среќен што сум тука. Потпишав тука бидејќи верувам дека заедно можеме да освоиме многу големи трофеи. Продолжете да не поддржувате и ќе дадеме се од себе, а се надеваме дека ќе освоиме уште трофеи во иднина”, додаде Египјанецот.
Интересно, Ливерпул само објави дека Салах потпишал договор и дека ќе остане во клубот и по оваа сезона, но не го открија периодот за кој е потпишан договорот.