Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е многу блиску, се вели во соопштението на бунтовниците вечерва. Тој денеска ги повика своите борци да бидат „милосрдни“ кон цивилите.
„Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е на врата, затоа го повторувам мојот совет до вас, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и нежни кон нашиот народ. Во градовите и селата влезете како скромни освојувачи“, рече водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Абу Мохамед ал-Џолани.
Ал-Џолани, исто така, нагласи дека сите војници на режимот кои пребегнуваат ќе бидат безбедни ако го положат оружјето.