Луис Енрике е втор тренер во историјата со две тројни круни и застана рамо до рамо со Пеп Гвардиола.
Двата шпански тренери со две различни екипи ги освоија сите титули во една сезона и тоа е подвиг кој не е лесно некој да го израмни или подобри,
Во сезоната 2015/16 тренерот од Хихон со Барселона освои тројна круна, а сега го преслика успехот со Пари Сен Жермен, Дури и може да се каже дека го надгради, бидејќи на почетокот од оваа сезона „светците“ го освоија и Трофејот на шампионите (Суперткуп на Франција(, а следниот месец ќе играат за титулата на Светското клупско првенство.
Ако во Барса пред девет години ги имаше Нејмар, Меси и Иниеста, сега Лучо со нов и млад тим се искачи на европскиот врв.
Пеп Гвардиола освои тројни титули со Барселона и Манчестер Сити.