strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?
ПОЛИТИКА

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

Објавено July 31, 2025 17:49
strana.mk
Сподели
Сподели

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој воедно е и координатор на Кризниот штаб за справување со пожарите кој ќе одговара од власта за катастрофата со пожарите и тоа што изгоре 20% од територијата на државата

Лукаревска ја обвини Владата за катастрофален неуспех во справувањето со пожарите и предупреди дека Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на големината на земјата – со 95.000 хектари уништени шуми и пасишта. Тоа е еколошка и национална трагедија со трајни последици, додека Владата се крие зад изговори, дезинформации и пропуштени мерки.

Во продолжение интегрален тест од пратеничкото прашање:

Ќе поставам пратеничко прашање од висок јавен интерес во овој момент, нешто кое убедена сум дека не загрижува сите и алармира на катастрофа од невидени размери.

Го упатувам до министерот за внатрешни работи, г. Панче Тошковски, кој воедно е и координатор на Кризниот штаб за справување со пожарите.

Министре, Македонија со недели гори. Треба или да се молиме да заврне дожд, или да дојде помош од Европа, од Словенија или од друга пријателска земја. Владата, буквално целосно потфрли во справувањето со пожарите.

Гори земјата што ја сакаме,горат  шуми и планини, кои се наши најголеми природни богатства и по кои сме препознатливи во светот, горат пасиштата од кои егзистираат генерации семејства. Навистина една жална слика.

Во изминатите 2 години се случува катастрофа од историски размери какви што досега не паметиме. Не е само еколошка криза, ова е национална трагедија со трајни последици.

И минатата и оваа година граѓаните на терен гледаат иста слика — се доцни со навремена реакција, тотална неорганизираност, без план, без стратегија, без превенција.

Во опозиција ветувавте нов систем, нова опрема, зајакнување на капацитетот на пожарникарите, ново вработени пожарникари ,промовиравте стари воени возила и ветивте дека спремни ќе ја дочекате оваа година.

На терен ништо од тоа што ветувавте, напротив . Нема нова опрема, нема нови противпожарни возила, колапс на системот.

Има само пустош. Тоа не е патриотизам, тоа е предавство министре.

Што велат бројките, колкави се размерите на оваа катастрофа која што ја дозволивте ?

Според европската статистика, Македонија е прва во Европа по изгорена површина во однос на територијата.

Во 2024 година изгореле 95.181 хектар македонска шума и пасишта.

Осум пати повеќе од просекот во изминатите 17 години.

Повеќе дури и од земји како Шпанија, Италија, Франција – кои се неколкукратно поголеми од нас.

Еве ја таа статистика, јавно достапна. Во Португалија, изгореле околу 140 илјади хектари, во Турција, околу 119 илјади хектари а, во Македонија има 95 илјади хектари изгорена површина.

Португалија е  значително со поголема површина од 92.000 километри квадратни површина, Турција има речиси 800.000 километри квадратни, а Македонија околу 25.000 километри квадратни површина.

Во однос на површината на земјата во Македонија има изгорено убедливо најмногу територија на ниво на Европа! Тоа е шокантен, трагичен факт.

И трагедијата не застанува. Напротив – се шири.Секојдневно слушаме на нови пожари и тоа на нови територии. Го слушаме и директорот Ангелов, секој ден објаснува , но ефект нема.

Секој ден нов пожар, ново уништување. Планини, шуми, викендици, а за жал сите бевме сведоци дека имаше и жртви.

Изгорени се веќе повеќе од 20% од вкупната површина на шуми и пасишта во државата.

Тоа не е бројка, тоа е поразително.

А наместо реални мерки, вие се криете зад смешни изговори.

Еднаш беа крави, другпат скакулци, се измислуваат лажни фотографии, се прават монтажи.

Секој ден нова лага, секој ден нова дезинформација.

Министре, Вие сте координатор на Кризниот штаб.

Лани добивме уверување дека годинава ќе бидеме најподготвени.

Зошто не сте подготвени, зошто дозволивте да изгори 20% од територијата на земјата?

Нема пари за пожарникарите ама има седум милиони евра за службени телефони. Има Владата за приватни авиони, ПР кампањи и сл.

Ги одбивте сите предлози и амандмани на СДСМ, предлагавме 500 милиони денари за вработување нови пожарникари и набавка на опрема.

Вие – од инает, од ароганција, го одбивте тоа. И денес катастрофа, 20% од територијата е пепел.

Граѓаните гледаат како Македонија сама се брани од пламените, дека државата е оставена на цедило.

Затоа, моето прашање до министерот Тошковски е конкретно,во име на целата уништена природа, во име на сите пожарникари што без опрема се борат со пекол. Во име на сите граѓани што останаа без државна поддршка.

Кој од власта ќе ја понесе одговорноста за оваа катастрофа, предизвикана од пожарите?

TAGGED:панче тошковскипрашањеСања Лукаревска
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје
Следна статија Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи и, како…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата

Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ, граѓаните чекале, а немало потреба

Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал. Денес ќе изнесеме факти како…

November 10, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја туркаат државата во економски хаос – инфлацијата вртоглаво расте, животот станува се поскап, стандардот на…

July 8, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?