И официјално Лука Модриќ е новиот играч на Милан. Лекарските прегледи се завршени, договорот е потпишан, а гигантот од Милано, го претстави своето ново засилување.
Целодневна програма го пречека Лука Модриќ во Милано, од медицинскиот преглед до формалниот дел што вклучува потпишување на договорот.
Тој доаѓа во Милано по 13 сезони минати во Реал Мадрид, со кој освои голем број на трофеи.
Модриќ ќе има краток период за одмор, па на тимот ќе му се приклучи на август, подготвувајќи се за својата прва сезона во Серија А.
Legend. 🌟#WelcomeModrić pic.twitter.com/U5lhhoACXX
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025