Мадона (66) раскина со партнерот Аким Морис (28), пишува The Mirror. Јавноста почна да ги поврзува во јули, кога беше кажано дека уживаат во „огнена романса“ со строги правила поставени од пејачката. Сепак, на љубовта неодамна и дојде крајот, поточно на крајот на октомври.
Меѓу поранешните партнери нема лутина, а причината за раскинувањето е истата онаа што Мадона ја имала во претходните врски. “Мадона наиде на истиот проблем со ова момче како и со сите нејзини неодамнешни мажи. Разликата во годините стана проблем. Тие доаѓаат од различни епохи”, рекол изворот.
Наводно, поранешната двојка првпат се запознала на фотосесија во 2022 година, но тогаш не се развила романса.
Тие повторно се споија на почетокот на оваа година, а шпекулациите за романса доаѓаат откако Мадона раскина со Џош Попер (30), со кој се поврзуваше по раскинувањето со Ахламалик Вилијамс (28).
Како што е познато, пејачката досега беше двапати мажена – првиот пат со актерот Шон Пен (64), а подоцна и со режисерот Гај Ричи (56), со кој има две деца и со кого раскинаа во 2008 година.
Изворот сега додаде дека Мадона е зафатена со работа на нејзиниот биографски филм, за кој се шпекулира со години.