Македонија е шампион во видеоиграта „Dota 2“! Нашите момци на натпреварувањето што се одржа во Приштина го освоија првото место, а на патот до трофејот мораа да се борат против неколку силни тимови.
Македонската е-спорт репрезентација во Дота 2 го освои трофејот на Европското првенство кое се одржа во Приштина.
Нашата репрезентација во финалето третпат ја победи Белорисија на првенството, сега со минимални 2-1 што неше доволно за освојување на шампионскиот пехар.
Македонија одигра перфектно во Приштина, забележа седум победи и беше без пораз во походот кон тронот.
Во групната фаза нашата селекција ги победи Белорусија, Унгарија, Грузија и Хрватска. Потоа во првата нокаут рунда славеше над Романија со (2-0), а во полуфиналето ја совлада Белорусија (2-0). Бидејќи на овие турнири има костур за втора шанса, Белорусите се вратија на посакуваниот пат и играа финале, ама загубија.
Македонската е-спорт федерација и репрезентативците заработија највисока премија на турнирот, односно ќе поделат 7.000 евра.
Што е „Dota 2“
„Dota 2“ е популарна бесплатна онлајн стратешка игра од типот MOBA, каде две екипи од по пет херои се борат да ја уништат базата на противникот, позната по својата комплексност, огромна е-спорт сцена и највисоките наградни фондови во историјата на гејмингот.
„Dota 2“ (скратено од „Defense of the Ancients 2“) е една од најпознатите и најиграните „MOBA“ (Multiplayer Online Battle Arena) игри во светот, развиена и објавена од „Valve Corporation“. Играта е базирана на мод за „Warcraft III“, но е развиена како самостоен наслов и објавена во 2013 година.
Во „Dota 2“, две екипи од по пет играчи се борат на симетрична мапа, каде што секоја страна има своја база и главна структура наречена Ancient. Целта е да се уништи „Ancient-от“ на противничкиот тим, додека се брани сопствениот.
Играчите бираат херои – постојат повеќе од 120 различни, секој со уникатни способности и стил на игра. Стратегијата, тимската комуникација, како и индивидуалната вештина, играат клучна улога.
Играта е бесплатна за играње (free-to-play) и достапна преку платформата „Steam“. „Dota 2“ има масивна светска еспорт сцена, каде што се организираат турнири со милионски наградни фондови – најголемиот меѓу нив е „The International“, со рекордни суми на награди финансирани од заедницата.
Со богата митологија, комплексна механика и лојална заедница, „Dota 2“ се смета за една од највлијателните игри на сите времиња во жанрот на еспортот.
(Гол.МК)