strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури

Објавено July 24, 2025 08:44
strana.mk
Сподели
Сподели

Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион.

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изнесе препораки за граѓаните, а Владата донесе Одлука со која ги обврза работодавачите од 23.07 до 26.07 да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.

Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита: престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.

ИЈЗ повика на почитување на мерките за заштита на здравјето на општата популација и на ранливите категории (градежни работници, земјоделци, сообраќајна полиција, работници за испорака и други лица кои работат во надворешни услови) при високи температури. Укажа да се земе предвид можноста за потенцијално работење онлајн, за флексибилно работно време, двократно работење, надополнување на изгубеното работно време и други модалитети. Воедно апелира да се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот и да се прават почести паузи со постојана достапност на течности и електролити.

– За вработените се препорачува врамнотежена исхрана, внесување минимум два литра вода дневно, избегнување алкохол и кофеин, внесување електролити при засилено потење, редовен одмор, доволно спиење, туширање и едукација за прилагодување на високи температури, носење лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капи и користење крем со УВ фактор 30+ при работа на отворено, нагласи ИЈЗ. 

Препораките за работодавачите се: проверка и одржување вентилација, климатизација, редовно мерење на амбиентната температура и поставување на работните станици што е можно подалеку од сончева светлина и извори на топлина, обезбедување минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште“ (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата), ротација на работните задачи и преместување на работниците во постудени простории секогаш кога е можно, обезбедување поголем број работници по потреба, почести паузи во текот на работата, намалување на интензитетот на работата и нормите во производството, избегнување прекувремената работа, прекин на работата при потреба и внимателност со ранливите групи вработени (постари работници, хронични болни, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени).

ИЈЗ предупреди и на препознавање симптоми на топлотен удар: вртоглавица, замор, вознемиреност и повраќање. 

– Не смее да се дозволи на вработен со симптоми на топлинска болест да замине од работното место додека не се стабилизира, односно не добие соодветен третман. За прва помош при симптоми на топлотен удар треба веднаш да се повика 194 или 112, лицето треба да се префрли во разладена просторија, да се легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и да се прска со вода. Не треба да се дава терапија додека не пристигне лекарска помош. Ако е во бессознание, треба да се постави во странична положба, потенцира ИЈЗ.

Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ос

Исхрана при топло време

Во однос на исхраната се препорачуваат „лесни“ и квалитетни оброци, со помалку месо и протеини.   

– Кога е топло, подобро е да се придржувате до лесни, разновидни, добро избалансирани и редовни оброци, сочинети од сезонски намирници. Храната со висока содржина на вода, исто така ќе ви помогне да бидете хидрирани во летните временски услови. Консумирајте зеленчук со висока содржина на вода, како што се домати, краставици, зелка,… Внесувајте помалку калории.  Консумирајте оброци на течна основа како супи и чорби, овошје, особено лубеница, диња, праска, кајсија, наведува ИЈЗ.

Ризици од труења со храна

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), за да се спречи појава на труење со храна во услови на високи температури, неопходно е да се направи правилен избор при набавката, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување. Треба да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, како и да се купува храна од проверени места каде производите, особено лесно расипливите, од животинско потекло, се чуваат во разладни уреди.

– Да се избегнува да се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што е месото, млекото јајцата и друго да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се одбегнува купување на и разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови, а храната која треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат, препорачува АХВ. 

По подготовката, изладена, храната треба да се чува во фрижидер. На најгорните полици треба да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната треба да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња, како и од други животни кои може да дојдат во контакт со неа. 

Ако се јаде во угостителските објекти, водете сметка тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста на храната и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна одбегнувајте ги додатоците кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично. Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја, напоменува АХВ.

Порастот на температурите – стрес за секое животно

Топлотниот бран, освен за луѓето, ризичен е и за животните. Стресот што го предизвикува порастот на температурите кај животните може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст.

Високи процент влага и недоволна вентилација во објектите може да бидат причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаја, доколку не се делува на време.

Според АХВ, напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.

– Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција. Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, велат од АХВ.

Агенцијата уште еднаш апелира, сопствениците да не ги оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот.

– На животните треба да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории. На фармите да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски, наведува АХВ.

TAGGED:ВремеИјзТопло
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Денеска навиваме за македонската гордост-Вардар
Следна статија Украинците по преговорите: Зеленски би се сретнал со Путин утре доколку може

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од…

January 13, 2026

Премиерот Мицкоски на Вевчански карневал

Денес присуствував во Вевчани на карневалот,…

January 13, 2026

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот…

January 12, 2026

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1…

January 11, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Денес во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“

Денес, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“,…

June 28, 2025
НАСЛОВНИСПОРТ

Чемвено од Кенија е победник на 20. Виз Ер Скопски маратон, Ивановски го освои третото место

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Модернизација на одбраната: АРМ ги очекува првите Страјкери 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (08 ноември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на брифинг на кој беше…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение

Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но знам дека ќе…

November 16, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?