strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Македонија, Србија и БиХ сакаат да увезуваат отпад од ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија, Србија и БиХ сакаат да увезуваат отпад од ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Македонија, Србија и БиХ сакаат да увезуваат отпад од ЕУ

Објавено February 27, 2025 10:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Македонија бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија пренесува Дојче Веле. Станува збор за метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло. Целосната листа неодамна ја објави Министерството за животна средина, информирајќи дека таа ќе биде доставена до Европската комисија.

Во следната фаза, Европската комисија е таа којашто ќе треба да одлучи дали земјата има капацитет да управува со овој отпад на еколошки здрав начин согласно правилата на ЕУ законодавството. Од тоа зависи дали земјата ќе се најде на листата на земји кои ќе можат да вршат увоз на отпад од ЕУ.

Построги правила за извоз на отпад

Течат последните рокови за исполнување на оваа обврска, којашто е наметната со новите регулативи на Европската Унија за увоз, извоз и транзит на отпад, кои се на сила од 2024 година, а ќе почнат да се применуваат од 2027 година. Со нив, ЕУвоведува построги правила за извоз извоз и транзит на неопасен отпад.

Извозот на неопасен отпад од „зелена листа“, генерално ќе биде забранет во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Исклучок од ова правило би биле земјите кои имаат капацитети кои ги исполнуваат условите за заштита на животната средина за преработка на овој отпад.

Според новата регулатива, од ноември 2026 година до мај 2029 година ќе има целосна забрана и за извоз на отпад од пластика, вклучувајќи го и неопасниототпад од пластика. По завршување на овој период Македонија и земјите кои не се членки на ОЕЦД, заинтересирани за увоз на отпад од пластика, ќе треба да го докажат својот капацитет да управуваат со таков отпад на еколошки здрав начин, за да бидат вклучени во листата во кои овој отпад ќе може да се извезува од ЕУ.

Стравувања на екологистите

Екологистите во Северна Македонија со години ананазад апелираат за воведување на построги контроли и лабораториски анализи при увозот, поради опасноста во земјата да заврши и опасен отпад. Тие бараа засилена контрола на отпадот на граничните премини и на царина, но и да не се дозволува увоз на отпад што може да се користи како извор на енергија.

„Тешките метали што индустријата, нафтата и мазутот ги испуштаат, се канцерогени. Има разлика дали повеќе тешки метали ќе се вдишат и дали ќе се вдишат многу канцерогените диоксини и фурани кои се ослободуваат од горење на отпад“, предупреди на надзорната расправа на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во вторникот(25.02), Татјана Чакулев од „О2 иницијатива“, зборувајќи за изворите на загадување коишто влијаат врз здравјето на македонските граѓани.

Според неа, тие не мора да покажат покачување на ПМ честичките во воздухот, но „можеме да почувствувале огромна смрдеа која задушува и да има огромно ослободување на овие диоксини и фурани кои се неверојатно канцерогени, а остануваат во воздухот и природата, и се таложат во организмот“, рече Чакулев.

Пристигнале 24 барања

Европската комисија потврди дека 24 земји поднеле апликации да продолжат да примаат рециклирани материјали и по крајниот рок од мај 2027 година, кога стапува на сила новата регулатива на Унијата. Според Бирото за меѓународно рециклирање (БИР) со седиште во Брисел, дваесетината нации идентификувани од ЕК ја започнале постапката за да продолжат да прифаќаат отпадни материјали испратени од ЕУ по тој рок.

Од земји кои не се членки на ОЕЦД до првичниот рок до 21 февруари, апликации покрај од Македонија, Србија и БиХ, пристигнале и од Бангладеш, Египет, Ел Салвадор, Индија, Индонезија, Казахстан, Малезија, Молдавија, Монако, Мароко, Нигерија, Саудиска Арабија, Пакистан, Филипини, Сингапур, Тајван, Тајланд, Того, Тунис, Украина и Виетнам. Со тоа, на списокот се најдоа најголемите приматели на отпадни материјали кои се извезуваат од континентот, но на листата недостигаат Кина и Хонг Конг. На листата нема и многу земји коишто иако имаат постоечки топилници и фабрики за хартија, не можат да го инсталираат потребниот капацитет за рециклирање во блиска или среднорочна иднина.

Пет тони отпад по жител

Управувањето со отпадот на еколошки здрав начин и користењето на секундарните материјали што тие ги содржат се клучни елементи на политиката за животна средина на ЕУ. Податоците покажуваат дека Европа создава многу повеќе отпад отколку што рециклира.

Според Европската комисија, пет тони отпад годишно создава во просек секој жител на Европа. Само 38 проценти од отпадот се рециклира, а над 60% од отпадот од домаќинствата се уште завршува на депонии во некои од земјите на ЕУ.

За споредба во 2021 година, секое лице кое живее во ЕУ генерирало 36,1 килограм отпад од пластична амбалажа. Обемот на генериран отпад од пластична амбалажа по жител се зголемил за околу 29% помеѓу 2010 и 2021 година. Вкупниот пластичен отпад произведен во ЕУ во 2021 година изнесува 16,13 милиони тони. Околу 6,56 милиони тони пластичен отпад биле рециклирани. Половина од пластиката собрана за рециклирање се извезува за да се третира во земји надвор од ЕУ. Извозот на сите видови отпад од ЕУ во земјите кои не се членки на ЕУ достигнал 33 милиони тони во 2021 година. Поголемиот дел од отпадот се состои од отпад од црни и обоени метали, како и отпад од хартија, пластика, текстил и стакло и главно завршува во Турција, Индија и Египет.

TAGGED:еумакедонијаотпад
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Легендарниот холивудскиот актер Џин Хекман пронајден мртов заедно со сопругата
Следна статија Отповикани девет амбасадори меѓу кои и: Жерновски, Рамчиловиќ, Крстевски…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба, но компликации се очекуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба,…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на билеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци

Покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска за Курбан Бајрам: Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница,…

June 6, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?