Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, јави Си-Ен-Ен.
Судирот на возилото со лосот се случил околу 1 часот наутро во петокот, јужно од влезот на патот Денали Парк во близина на милја 235 од автопатот Џорџ Паркс, исто така познат како автопат Паркс, се вели во соопштението на паркот.
Возачот (24), кој бил од Бугарија, бил прогласен за мртов на лице место. Неговата сопатничка (24), која е од Македонија, била однесена во болница во Фербенкс.
Националната служба за паркови го истражува инцидентот и соработува со бугарската амбасада за да го извести семејството на возачот.
Паркот ги повика возачите да забават во темница и да користат долги светла