Во утринската програма на австралиската телевизија „7news“, водителите пробаа ракија на празен стомак, нешто кое се применува и низ Македонија.
„Ова е ракија, кога се пие на празен стомак, ги убива бактериите во организмот“, и кажа на водителката гостинот, а потоа следуваше проба од страна на водителите.
Урнебесна беше реакцијата на водителката по првата проба. Очигледно добро се „испече“ од пробата.